Денес е роденден на блогот, полни 14 години, и иако ретко се појавувам тука, мислам дека е добра идеја да го напишам рецептот за овие вкусни чоколадни колачи.
Continue Reading…барајќи рецепти да ја искористам течноста која останува од варење наут, а тоа да не е за пуслици или чоколаден мус, налетав на рецепт за бискоти (или кантучини). супер, баш сакам бискоти, одлични се за со кафе, чај или топло чоколадо.
Continue Reading…решив да го почнам месецов со рецепт, ама не ми успеа. после кратка пауза од пишување рецепти се најдов пред дилема кој следен рецепт да го објавам, кој ден во неделата е најпогоден за тоа и слично, па поминуваа денови, мене ми беше сѐ потешко да најдам време да седнам на компјутер и паузата прилично се продолжи. затоа, да не одлагам повеќе, еве еден краток рецепт, брзо се прави и брзо јаде, а е толку вкусен, особено со чипсот, па пробајте да не ја изедете целата количина одеднаш.
имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.
пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.
ќе си помислите “ах, уште еден чоколаден тарт”, по оној со тесто од бадеми и оној со сируп од калинка, ама не, не сме завршиле со чоколадните тартови. овој е со таан и можам да ви потврдам дека чоколадо и таан е одлична комбинација. тестото е малку поразлично, има и јајце, а количината е доволна за два тарта, па половина може да замрзнете за другпат, бидејќи со наведените состојки за филот се добива доволно фил за еден тарт.