All posts in “travels”

Њујорк, дел 3… New York, part 3

Гледате ли Cake Boss? Јас и мајка ми многу го сакаме. Всушност дури и маж ми Џипу го гледа. Е па ни текна дека додека сме во Њујорк би можеле да одиме до Хобокен во Њу Џерзи и да одиме во неговата пекара. Еее, таму почна планот да се распаѓа… Дознавме дека Хобокен е само 15 мин. со воз од Њујорк, меѓутоа денот кога планиравме да одиме почна да паѓа снег и паѓаше и паѓаше и паѓаше. Да ги цитирам американските вести, тоа беше “the blizzard of 2010” (повеќе слики од снегот подолу). Возовите беа откажани не само тој ден туку и следните два, и на крај единствениот ден кога можевме да одиме беше денот кога таа вечер требаше да летаме назад дома. Ама јас не се откажувам така лесно… Меѓутоа… информациите како да стигнеме до таму кои ги најдов на интернет беа грешни и наместо воз за Хобокен, се качивме на воз до Journal Square. Комплетно збунети таму фативме такси, се возевме бесцелно десетина минути, поодивме пешки па фативме нешто што личеше на трамвај и ….

конечно стигнавме во Хобокен пред пекарата на Cake Boss. И тогаш видовме дека редицата на луѓе кои чекаат да влезат кај Buddy не се протега само 10-15 метри пред пекарата, туку и преку улица уште 20-30 метри. Очигледно беше дека немаме доволно време да чекаме на ред и си се вративме назад во Менхетен….

И еве уште неколку слики од јадењата од таму.

Бевме на американска скара во Dallas BBQ. Ова беше ребра, пилешко, печен компир и парче corn bread – кој беше многу сладок како колаче…. и не ми се допадна.

Ова го јадев јас: огромен хот дог со помфрит и чили со мелено месо и грав. Многу беше вкусно.

Ова беше едно од највкусните јадења: Тајванска супа со спанаќ, вонтон и мали минијатурни суви ракчиња (големина на мравка). Го јадевме во Biang Dang, тајвански ресторан во Koreatown во еден центар со разни корејски ресторанчиња Food Gallery 32. Пред да го отворат ресторанчево братот и сестрата сопственици прво имале популарен food truck – подвижен ресторан NYC Cravings, за кој јас читав на блогот Midtown Lunch. И навистина храната тука беше многу вкусна.

Ова беше ориз со нешто зелено, сос од свинско (ПАК свинско !) кој беше многу вкусен, и огромно парче пржено пилешко. Порцијата беше огромна, ефтина и супер.


Ова беше ориз, зелено чудо, сос од свинско и огромна кременадла. Многу многу вкусно.


Се разбира една вечер отидовме и на мексиканска храна. Минатата година бевме во овој мал ресторан и бевме сосема воодушевени. Се вика Pinche Taqueria и имаа неверојатни такос. Јас пиев и хорчата, пијалок од ориз и цимет кој беше прекрасен и кој ќе пробам да го направам дома.

Јадевме такос со риба кои беа феноменални, ама бевме толку гладни што ги снема пред да ги сликам. Ова горе е такото со свинско, а пробавме и со телешко и двете беа така така. Тие со риба беа дефинитивно најдобри.

Плус и една огромна кесадија со пилешко – исто така фантастична.
Толку од сликите со јадења. Многу храна, многу избор, огромни порции и некои незаборавни јадења, како што секој си замислува дека храната во Њујорк би била.

 

А еве сега како изгледаше “the blizzard of 2010”.