vanilla ice cream with almond hazelnut chocolate chips | Sitno seckano

решив оваа година често да правам сладоледи. ова е првиот, го снема за еден ден. рецептот е на мајка ми и од него се добива најмазниот и најкремаст сладолед, а може да послужи како основа за многу вкусови. јас овде додадов семчиња од стапче ванила, за поизразен ванила вкус, и искршено темно чоколадо со бадеми и лешници.

4 јајца

6 лажици шеќер

2 кесички шлаг

300 ml ладно млеко

2 кесички ванилин шеќер

семчињата од едно стапче ванила

прво изматете ги убаво белките, бидејќи за нив миксерот треба да биде чист. додајте ги шеќерот и ванилата, а потоа и жолчките. во друг сад изматете го шлагот со млекото. измешајте го шлагот со јајцата и префрлете ја смесата во сад со капак кој може да се стави во замрзнувач. за оваа количина ви треба сад од 1,5 l. ако додавате искршени чоколатца, ставете прво половина од смесата, па половина од чоколатцата, па пак смеса сладолед и остатокот од чоколатцата.

оставете го сладоледот неколку часа во замрзнувач пред да го послужите. а ако е многу стврднат кога ќе го извадите од замрзнувач, почекајте неколку минути, брзо се пушта.

 

vanilla ice cream with almond hazelnut chocolate chips | Sitno seckano

i decided to often make ice cream this summer. we’ll see how it goes. this is the first one i made, with vanilla sugar and seeds from a vanilla bean for an intense vanilla flavor, and dark chocolate chunks with crushed almonds and hazelnuts.

4 eggs

6 tablespoons sugar

2 cups cream

2 teaspoons vanilla extract

seeds from one vanilla bean

beat the egg whites until stiff, add sugar, egg yolks and vanilla. beat the cream in another bowl and add to the eggs. put in the freezer for a few hours before serving.

Save

Save

Print Friendly
previous post: Кокошка печена во глинен сад / Clay pot roasted chicken
next post: Цезар сендвич со домашни лепчиња / Caesar sandwich with homemade buns

Trackbacks for this post

  1. Колач со цреши и сладолед од лимон / Cherry cake and lemon ice cream - Sitno Seckano

Leave a Reply