Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckano

знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.

Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckanoscroll down for the recipe in english

колачево е едно од таквите. состојките можат да се менуваат, сончогледово масло наместо кокосово, јогурт или кисело млеко место кефир, уште кефир наместо кафето, ако сакате да го изоставите… ореви, лешници, бадеми место чоколатцата или заедно со чоколатцата…

2 големи, презреани банани (1 – 1 ½ шоља смачкани)

2/3 шоља шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

¼ шоља кокосово масло

2 јајца

½ шоља кефир

¼ шоља кафе, оладено (инстант, растворено во вода, или еспресо)

2 шољи интегрално брашно

1 кесичка прашок за пециво

100 g темно чоколадо (со 72% какао), исецкано на коцки

ставете ги во вангла изгмечените банани, шеќерот, ванилата, кокосовото масло, јајцата, кефирот и кафето и изматете ги рачно. додајте ги брашното и прашокот за пециво и промешајте со лажица, додека брашното не се соедини со смесата. вмешајте ги и чоколатцата.

сипете ја смесата во подмачкано тавче со димензии отприлика 17 х 30 cm ставете ја да се пече во рерна загреана на 150°C, околу 45 – 50 минути, или додека не е целосно испечено во средината (проверете со дрвена чепкалка или стапче за ражњичи).

Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckano

i know it’s summer and the markets are overflowing with all sorts of fruits, but regardless of the season, we always have bananas at home. and sometimes they stand long enough to become overripe. that’s when i use them in cakes, smoothies or something different, like this banana naan bread.

Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckano

this cake is one of them. the ingredients can be switched with what you have, sunflower oil instead of the coconut oil, yogurt for the kefir, more kefir in the place of coffee, if you want to leave the coffee out… walnuts, hazelnuts, almonds instead of chocolate chunks, or along with them.

2 big, overripe bananas (1 – 1 ½ cups smashed)

2/3 cup sugar

1 sachet vanilla sugar

¼ cup coconut oil

2 eggs

½ cup kefir

¼ cup coffee, cooled (instant, dissolved in water, or espresso)

2 cups whole wheat flour

1 sachet baking powder

100 g dark chocolate (72% cocoa), chopped in chunks

in a large bowl, combine the bananas, sugar, vanilla, coconut oil, eggs, kefir and coffee and whisk by hand. add flour and baking powder, stir with a spoon or spatula, until the flour is incorporated. stir in the chocolate chunks.

pour the batter in a buttered 17 х 30 cm baking pan and bake in an oven preheated at 150°C, around 45-50 minutes, or until an inserted toothpick comes out clean.

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Запечена киноа / Quinoa bake

Leave a Reply