Yellow beans stew | Sitno seckano

едно од оние јадења кои мајка ми толку добро ги прави, па јас забушавам и многу ретко ги правам. конечно решив да го запишам нејзиниот рецепт, иако е онаков, сé е отприлика и со насоки “ќе видиш колку треба” и сл. а и да го пренесам тука. еден од почесто посетуваните рецепти на блогов е манџа од зелка, па се надевам и рецептов за боранија на многумина ќе им се најде.

scroll down for the recipe in english

Yellow beans stew | Sitno seckano

количините на состојките се оквирни.

1 кромид, средно ситно исецкан

1 – 2 пиперки, исечени тенки полукругчиња

1 kg боранија

2 – 3 моркова, исечени на полу или четвртина кругчиња

сол

3 – 4 чешниња лукче, не многу ситно исецкано

2 патлиџана, излупени* и ситно исецкани

многу магдонос

исчистете ја боранијата од гранчињата, врвовите и конците така што ќе го засечете врвот или делот со гранчето скоро до крај и ќе повлечете по должината на мешунката.

исечете ја боранијата на половинки попреку, а потоа на половинки или четвртинки по должина.

на средно загреано масло ставете ги кромидот и пиперките и промешајте. потоа веднаш додајте ги боранијата, морковите, сол и вода колку да се покрие целата боранија. гответе ја на средно, повремено промешувајте и додавајте вода или масло според тоа колку течна ја сакате манџата. јас сакам да има течност. негде на средина од готвењето ставете го лукчето, а на крај патлиџаните и многу магдонос.

* за лесно да ги излупите патлиџаните, засечете ги на долниот дел и потопете ги во зовриена вода околу 1 минута.

ако го зготвите овој или некој друг рецепт, многу нé радува и би сакале да го видиме. сликајте и обележете го со #sitnoseckano на фејсбук или инстаграм. и следете ме на фејсбук и инстаграм, за еден куп инспирација за готвење, а понекогаш објавувам брзи рецепти само таму.

Yellow beans stew | Sitno seckano

yellow beans stew is one of those dishes that my mother cooks perfectly, so i rarely set to make it. but i finally wrote down the recipe, even though it’s not with precise quantities and the instructions go “you’ll see how much you need to add”. and i wanted to share it with you. one of the most visited recipes on this blog is cabbage stew, and i hope this yellow bean stew will be, too.

the quantities are approximate

1 onion, chopped

1 – 2 green peppers, sliced

1 kg yellow beans (wax beans)

2 – 3 carrots, sliced in half or quarter circles

salt

3 – 4 garlic cloves, roughly chopped

2 tomatoes, peeled* and cut in small cubes

a lot of fresh parsley

clean the yellow beans from the stems, tips and threads by cutting the stem end or the tip, but not all the way, then pulling along the length of the bean.

cut the beans in half across, then in half or quarters lengthwise.

heat oil in a pot and add onion and peppers. stir, then add the yellow beans, carrots, salt and enough water to cover the beans. cook on medium heat, stirring occasionally and adding more water or oil, as needed, depending how thick you like the stew to be. i like when it has a fair amount of liquid. halfway through cooking add the garlic, and at the end add the tomatoes and parsley.

* to easily peel the tomatoes, cut a slit at the bottom and dunk in boiling water for one minute.

if you try this or another recipe we would be happy to see it. post a picture with #sitnoseckano on facebook or instagram. and follow me on facebook and instagram for more cooking inspiration and some quick insta-recipes.

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Летен таратор / Summer tarator

Leave a Reply