ова е најдобрата чоколадна торта што некогаш сум ја пробала. мајка ми го има доведено рецептот до совршенство.

фил:
200 ml вода
200 g шеќер
100 g какао
250 g путер, омекнат
250 g шеќер во прав
8 жолчки

тесто:
8 белки
200 g шеќер, или малку помалку
4 лажици презла
3 лажици брашно

прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади.

за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено.

за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време.

кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните.

можете да ја оставите тортата така, само премачкана со фил од сите страни, а можете и да ја украсите вака како што ја украсив јас за два родендена.


првата ја посипав со плави мрвици (море) и истолчени бисквити (песок) и ја наредив со чоколадни школки атлантис, а втората ја посипав со зелени мрвици (трева) и на неа наредив пајаци и црви од желе и чоколадо (имам модли во форма на пајак и црв и некои слични ствари).

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Јадење и шетање во Португалија, дел 2 …… Portugal eats & sights, part 2
next post: Домашна гарам масала …… Homemade garam masala

6 Comments

  1. Ива

    Многу ми се допаѓа рецептава, прекрасна торта. Ама секој пат кога ја правам мислам дека ја утнувам количината путер. Колку е 1 путер? Не живеам во Македонија па пакувањата не се исти…

  2. имаш право, ива, го поправив тоа во рецептот.

  3. Slagja

    Жолчките во филот не се куваат на пареа??Во рецептов е наведено да се додадат само жолчките и да се изматат.

  4. Маца

    Ја правев оваа торта неколку пати меѓутоа филот секојпат излегува количински многу и течен е. Што би можело да биде проблем? Поздрав

    • еј, маца, извини што каснам со одговор, тек сега гледам. не знам зошто е филот течен, би требало да е густ и кремаст, од путерот, особено кога ќе се олади. пробај да го направиш чоколадото со помалку вода.

Leave a Reply