еве што имаме за вас денес: чај од какао. ако до сега не сте чуле за вакво нешто, треба да знаете дека чајот од какао е најновата кул ствар во светот, иако онаму каде што се одгледува какао, го пиеле отсекогаш.

valentajn 2015-8

не знам дали може да се направи со обично какао во прав и дали ќе има ист вкус, ама јас го правам со искршени зрна какао, кои веќе и кај нас можат да се најдат во некои продавници. ако набавите сурови зрна какао треба прво да ги испечете. во тавче во еден слој, јас ги ставив врз хартија за печење и ги печев 15 минути во рерна загреана на 200°C, а потоа ги сомлев во машина за мелење кафе.

за 1 шоља чај потребна е една лажица зрна какао. загрејте 1 шоља вода и кога ќе зоврие, додајте го какаото, намалете ја температурата и оставете го да се вари на тивко 10-тина минути. потоа ако сакате можете да го процедите и да го засладите со шеќер.

во текот на варењето може да се додадат зачини како цимет и каранфилче. ние овој пат го пиевме во комбинација со чај роибос. ставете по 1 кесичка чај роибос на секоја шоља, 2 минути пред крајот од варењето. послужете го со ситни колачи како овие ванилици.

valentajn 2015-11

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Ќофтиња од цвекло и јачмен / Beet barley burgers
next post: Ванилици / Vanilla cookies

Leave a Reply