



Ова колаче всушност се вика Мамка за момчиња со боровинки (Blueberry Boy Bait). Маја го направи завчера и многу беше убаво, одма го изедовме. Рецептот е овде: smittenkichen.com. Само Маја стави дупло повеќе боровинки. И цел путер е многу, доволно би било да се стави пола. Мислам дека тогаш и боровинките нема да пропаднат до дното.


Неизвесно е дали се ова мафини или капкејкс, ама вкусни се и, што е најважно, чоколадни. а можеби и диетални: нема ни масло ни јајца во нив.
1ипол шоља брашно
3/4 шоља шеќер
1/4 шоља какао (јас додадов и 2 лажици несквик)
1 кесичка прашок за пециво (таканаречен баким прашак)
1 лажиче сода бикарбона
2/3 шоља јогурт
2/3 шоља млеко
1 кесичка ванилин шеќер
прво промешајте ги сувите состојки, па додадете ги течните и промешајте кратко. смесата истурете ја во тавче за мафини намачкано со маргарин или користете хартиени чашки. печете ги мафините на 200°C околу 15-20 минути.
не се надигаат многу, па се згодни за украсување. овие мартин ги украси со мрвици во боја и чоколадни топчиња, врз слатка павлака помешана со несквик.

за тестото:
300 g брашно
1 кесичка ванилин шеќер
200 g путер, на собна температура
125 g шеќер
сето ова + малку вода се меша прво со вилушка, па потоа со рака и тестото се остава во фрижидер пола саат.
едно кесиче (100 g) афион се вари со многу малку вода (баба ми вика дека треба да биде млеко, ама тоа ќе го пробаме следниот пат) + 100 g шеќер додека шеќерот не се растопи и не се згусне.
тестото се развлекува со сукало на 5 mm дебелина во правоаголна форма. се мачка со афионот, се витка во ролат и од него се сечат парчиња 5 mm дебели кои се печат на хартија за печење во загреана рерна на 180°C, околу 18 минути. кога ќе се извадат од рерна треба да бидат меки, ама кога ќе се оладат ќе се стврднат.

