Денес е роденден на блогот, полни 14 години, и иако ретко се појавувам тука, мислам дека е добра идеја да го напишам рецептот за овие вкусни чоколадни колачи.
Continue Reading…одамна не сме имале рецепт за брауни. овие на маја се одлични, а и овие како мафини полнети со кокос, имаме и едни со виолетов сладок компир, и мали брауни пити, ама јас овој пат брауните ги направив со различни брашна, не со пченично, и излегоа ептен добри.
Continue Reading…На денешен ден пред 13 години го почнавме блогот. Овој ролат е баш нешто што мноооогу ретко го правам, па е таман за прослава.
Continue Reading…Ме немаше некое време, ама еве ме во последен момент со еден празничен рецепт. Одамна сакав да направам пита со крем и банани и еве ја, мислам дека е вистински момент за неа.
Continue Reading…првата половина од февруари е вистинско време за чоколадни рецепти. не успеав да го фатам тој воз. барем го фаќам мартовскиов. лани рецептот за овој чизкејк се појави на страниците на арт кујна, а сега еве го и тука.
Continue Reading…Одамна ме нема на блогов и сум заборавила како се пишува рецепт, ама не сакав да пропуштам да објавам нешто во рубриката “домашно зготвени подароци”.
Continue Reading…барајќи рецепти да ја искористам течноста која останува од варење наут, а тоа да не е за пуслици или чоколаден мус, налетав на рецепт за бискоти (или кантучини). супер, баш сакам бискоти, одлични се за со кафе, чај или топло чоколадо.
Continue Reading…беше роденден на блогот пред една недела и, иако слабо се вртам тука во последно време, го направив колачево за да го одбележиме. ова е едно од оние колачи кои мајка ми често ги правеше порано, а и сега сé уште, за посебни прилики. лесно се прави, а е многу вкусно и убаво изгледа, па сакам да го имам запишано тука.
Continue Reading…еве ме скоро во последен момент со рецепт за нешто што може да се направи брзо и да се подари некому за празниците.
Continue Reading…маскарпоне и јагоди се така добри заедно, и навистина ми е жал што додека јас го напишам рецептов, јагоди скоро и да нема веќе на пазар. сепак можете да го пробате тартов, маскарпоне иде добро и со сливи, а и со смокви и малини.
Continue Reading…
некако, не знам како, поминале 10 години откако го почнавме овој блог. дури не ни размисливме убаво што и како ќе правиме кога го почнавме. да се отвори блог беше лесно и еден ден во март 2009та сликавме една пита со овесни снегулки и мед, јас го напишав рецептот и блогот почна.
во една недела два пати ги направив овие мафини, не само затоа што имавме многу ептен зрели банани. првата тура отиде за два дена, а излегуваат 16. мафиниве се најмеки што можат да бидат, сочни, чоколадни, и со нив се трошат оние презреани банани кои не се баш веќе вкусни за јадење.