Vegan Aquafaba biscotti | Sitno seckano

барајќи рецепти да ја искористам течноста која останува од варење наут, а тоа да не е за пуслици или чоколаден мус, налетав на рецепт за бискоти (или кантучини). супер, баш сакам бискоти, одлични се за со кафе, чај или топло чоколадо.

scroll down for the recipe in english

аквафаба е течноста која останува кога се вари наут или други гравови (или течноста од конзерва наут, ама јас не купувам наут во конзерва, туку сув и го варам, па можам да зборувам само за течноста од варењето). оваа течност, кога ќе се измати со миксер, станува како изматена белка од јајце и може да се користи во рецепти наместо неа. особено се популарни пуслиците направени од аквафаба, колачот павлова или чоколаден мус. ги пробав нив, исто така ја ставив и во леб наместо вода, а правам и колач и гранола со неа. веќе некое време не ја фрлам кога варам наут, ја чувам во замрзнувач ако не можам тие денови да ја употребам.

за да добиете добра аквафаба за користење во рецепти место белка, треба да биде густа. јас најчесто го оставам наутот да отстои во вода преку ноќ или неколку саати. потоа го варам во нова вода додека не омекне, на тивко, најчесто без капак, особено при крајот, за голем дел од водата да испари, а останатата да се згусне. обично варам поголема количина наут, го чувам во фрижидер и вадам онолку колку ми треба за секое јадење. течноста во која се варел и понатаму стои во фрижидер уште повеќе се згуснува и е подобра за матење.

во овој рецепт аквафабата не се мати со миксер до цврст снег, само се меша кратко со таанот.

Vegan Aquafaba biscotti | Sitno seckano

60 ml аквафаба
16 g таан
125 g брашно
45 g шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
½ лажиче прашок за печиво
рендана кора од еден лимон
шака сецкани суви кајсии, на мали коцки
2 шаки крупно сецкани бадеми
50 г темно чоколадо, исецкано

прво изматете ги аквафабата и таанот, со вилушка или рачна маталка. додајте ги брашното, шеќерот, ванилата, прашокот за печиво и ренданата кора од лимон. измешајте сѐ додека не добиете густо тесто, па додајте ги сувите кајсии, бадемите и чоколатцата. пробајте да ги измешате рамномерно во тестото без многу месење. ако е тестото премногу суво, додајте лажица-две аквафаба.

оформете го тестото во векна и ставете ја да се пече во тавче врз хартија за печење, во рерна загреана на 175°C околу 25-30 минути, или додека површината не се зарумени малку и векната изгледа цврста и испечена.

оставете ја векната да се олади петнаесетина минути, па со запчест нож за леб исечете ја на кришки дебели околу 1-2 cm. легнете ги кришките во тавчето, врз хартијата за печење и повторно ставете ги да се печат уште 15-20 минути, додека не се стврднат.

рецептот е прилагоден од the lazy cat kitchen (таму можете да најдете многу рецепти со аквафаба), јас сменив неколку работи, а и откако го направив еднаш и се воодушевив, следниот ден го направив повторно во дупла доза. неверојатно мириса од лимонот додека се пече, а и после, секогаш кога ќе ја отворите кутијата со бискоти.

а овде има идеи за употреба на сварениот наут.

Vegan Aquafaba biscotti | Sitno seckano

as i was searching for a recipe to use the liquid from cooking chickpeas, but i didn’t want to make meringue or chocolate mousse, i found a recipe for italian biscotti (or cantuccini). great, i love biscotti, they are perfect for dipping in coffee, tea or hot chocolate.

aquafaba is the liquid that is left after cooking chickpeas, or other beans (or the liquid from a can of chickpeas, but i only buy dry chickpeas, that i soak and cook, so i can talk only about the cooking liquid). when you whisk aquafaba with an electric mixer it transforms into meringue, much like whipped egg whites, and can be used in recipes in place of egg white. aquafaba meringue cookies and chocolate mousse and the most popular. i tried them, i also put it in bread in place of water, and made cakes and granola with it. i no longer throw away this valuable liquid, i keep it in the freezer if i can’t use it when i cook chickpeas.

aquafaba should be thick and a little gel like, to achieve best results. i usually leave the chickpeas to soak in water overnight, or a few hours, then i change the water and cook them until tender. after reaching boiling, i lower the heat and cook the chickpeas with a lid for the first half, then remove the lid and let much of the liquid evaporate. i usually cook a big batch of chickpeas, keep them in the fridge and take what i need for every meal. the liquid thickens further.

in this recipe the aquafaba is not whipped until stiff peaks, it is just whisked shortly with the tahini.

Vegan Aquafaba biscotti | Sitno seckano

60 ml aquafaba
16 g tahini
125 g flour
45 g sugar
1 tablespoon vanilla sugar
½ teaspoon baking powder
grated zest from one lemon
a handfull of dried apricots, chopped
2 handfulls of almonds, roughly chopped
50 g dark chocolate, chopped

whisk the aquafaba and tahini, with a fork or a hand whisk. add flour, sugar, vanilla, baking powder and lemon zest. mix just untill everything is incorporated in a rough dough, then add dried apricots, almonds and chocolates and try to mix them in evenly, without too much kneading. if the dough is too dry, add a tablespoon or two aquafaba.

and here are a few ideas to use the cooked chickpeas.

form the dough in a log and bake on a baking tray lined with parchment paper, in an oven preheated at 175°C for about 25-30 minutes, or until the log is lightly golden brown, firm to the touch and just beginning to crack slightly.

allow the log to cool on the cookie sheet, about 15 minutes. with a serrated knife, slice the biscotti, into 1-2cm slices. lay the slices on the cookie sheet in single layer. return the biscotti to the oven for 15-20 minutes more, or until they are toasted and crisp.

the recipe is adapted from the lazy cat kitchen (you can find more aquafaba recipes there). i changed a few things, and when i made the biscotti once, i was amazed, so the next day i made a double batch. the lemon aroma while they are baking, and afterwards, every time you open the container with the biscotti, is amazing.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Интегрален леб со пиво / Whole wheat beer bread
next post: Веге-бургери од леќа и сладок компир / Lentil sweet potato veggie burgers

Leave a Reply