Lentil sweet potato veggie burgers | Sitno seckano

многу сакам веге-бургери и ме радува дека и сите други дома ги прифаќаат. дали се од цвекло, грав, наут или модар патлиџан, никој не одбил добро веге-ќофте. овие направени со оноа што останува од цвекло и моркови кога правиме сок во соковник ми се омилени.

Lentil sweet potato veggie burgers | Sitno seckano

за веге-бургер не ви треба ни строг рецепт. јас обично варам поголема количина од некој грав, леќа или наут и печам слатки компири, и ги користам во разни јадења во текот на неделата. така овие бургери се многу брзо готови. другите зеленчуци и зачините се од оноа што го имаме во моментот. можат да се направат и без јајце, јас сега имав вишок од премачкувањето на лепчињата, па го ставив, инаку најчесто ги правам без јајце. а презлата и овесните снегулки се по потреба, да се добие смеса доволно густа за обликување. наместо нив, може да се стави малку брашно или сварени житарки или булгур или кус-кус.

2 шољи сварена леќа (или некој грав или наут)
1 голем сладок компир, испечен
⅓ голем кромид, ситно исецкан
малце зелка, ситно исецкана
1 јајце
2 лажици презла (јас употребив моја, од домашен леб)
⅓ шоља овесни снегулки
1 лажиче изблендирани солени лимони
1 лажиче оригано
1 лажиче кумин
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче сол
свежо мелен црн бибер

од овие количини излегоа 10 не многу големи бургери.

излупете го слаткиот компир и испасирајте го заедно со леќата. можете да го направите тоа и рачно и во сецко. додајте ги другите состојки, убаво измешајте ја смесата и обликувајте бургери. најлесно се обликуваат ако рацете ги намачкате со масло.

наредете ги во тавче намачкано со масло и ставете ги да се печат во рерна загреана на 175°C околу 20-30 минути. негде на пола од времето, превртете ги.

ние ги јадевме бургерите со домашен хумус, сирача, ротквици, марула и патлиџан. земичките се со “маја” и се по овој рецепт, превкусни.

Lentil sweet potato veggie burgers | Sitno seckano

i love veggie burgers and i’m happy my family accepts them every time i make some. whether they are made with beets, beans, chickpeas or eggplant, noone has said no to a good veggie burger. these, made with beet and carrot juice pulp are my favorite.

you don’t really need a strict recipe for a veggie burger. i usually batch cook a big pot of beans, lentils or chickpeas and i roast sweet potatoes, and use them throughout the week. that way burgers like these are done quickly. the spices and other vegetables in them are from what we currently have. they can be made without an egg. i had an egg left from egg washing the buns, so i put it in the burgers, but i usually make them without eggs. breadcrumbs and oat flakes are optional, to achieve mixture that can be formed into patties. they can be swapped for flour or cooked grains or bulgur or cous-cous.

2 cups cooked lentils (or beans or chickpeas)
1 big sweet potato, roasted
⅓ of a big onion, minced
a piece of cabbage, finelly diced
1 egg
2 tablespoons breadcrumbs (i used mine, from homemade bread)
⅓ cup oat flakes
1 teaspoon blended preserved lemons
1 teaspoon oregano
1 teaspoon cumin
1 teaspoon paprika
1 teaspoon salt
freshly grated black pepper

yields 10 not very big burgers

peel the sweet potato and mash together with the lentils. it can be done with a fork or in a food processor. add the rest of the ingredients, mix well and form the patties. it’s easier if you oil your hands.

arrange the burgers on an oiled baking sheet and bake in an oven preheated at 175°C around 20-30 minutes. flip the burgers halfway through baking.

the burger buns are made with my sourdough starter following this recipe, and were amazing. we had the burgers with homemade hummus, sriracha, radishes, lettuce and tomato.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Вегански бискоти со аквафаба / Vegan aquafaba biscotti

Leave a Reply