мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
едно од оние јадења кои мајка ми толку добро ги прави, па јас забушавам и многу ретко ги правам. конечно решив да го запишам нејзиниот рецепт, иако е онаков, сé е отприлика и со насоки “ќе видиш колку треба” и сл. а и да го пренесам тука. еден од почесто посетуваните рецепти на блогов е манџа од зелка, па се надевам и рецептов за боранија на многумина ќе им се најде.
многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.
сигурно знаете дека јајцата од препелица се многу здрави. за сите нивни здрави состојки прочитајте повеќе на страницата на “наша фарма“, од каде што се овие мали шарени, а моќни јајца. а ние имаме идеја како да ги подготвите.
глинените тавчиња се многу згодни за печење месо и зеленчуци. што и да испечете во нив ќе биде сочно и вкусно. јас долго време имам romertopf неглазирано тавче со капак, и да ми текнува почесто, би го користела почесто. многу ми се допаѓа како мека и сочна излегува кокошка испечена во него, а за зеленчуците под неа да не зборуваме. исто е и со зеленчуците под свинското, кромидот скоро стопен…
обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.
Ако имате ваков неглазиран глинен сад за печење, не чекајте како мене со години, да го употребите. кокошката испечена во него е толку сочна и мека, а зеленчуците убаво испечени. ние го јадевме ова со песто од ливчиња од морков со павлака.
ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.
фахити со пилешко е едно од нашите омилени јадења. на сите дома ни се допаѓа зачинетото пилешко, веќе и мартин сака да јаде луто, а ни тој ни даниел за ова јадење не негодуваат дека има кумин, иако за некои други јадења веднаш забележуваат и се противат на зачините кои нагалено ги нарековме 4К (кумин, коријандер, куркума и кардамом).
крем супите се вкусни од кој зеленчук и да ги направите. брокули, карфиол, зелка, спанаќ, домати, тиквици, модри патлиџани, моркови, пашканат, праз, компири, целер, кромид… сите комбинации се можни. а ако сакате да направите нешто уште поинтересно, направете две крем супи, од различни состојки и послужете ги одеднаш, со разни додатоци. јас овој пат направив една од тиквици и една од моркови.
знам дека ги цените брзите рецепти, а денешниов е еден таков: ориз и зеленчуци на пареа. одлучив да ги зачинам само со сол и црн бибер за да може да дојде до израз вистинскиот, чист вкус на зеленчукот, кој вака зготвен е ем омекнат ем крцкав.
остана уште многу малку време до доаѓањето на новата година, само неколку денови, но доволно да ги подготвите последните домашно-зготвени подароци. ви предлагаме сами да направите сенф, со јак вкус, хариса, за љубителите на луто и чоколадни распукани колачи, кои ќе бидат добредојдени и од децата и од возрасните. а за повеќе идеи разгледајте ги нашите претходни домашно-зготвени новогодишни подароци.