беше роденден на блогот пред една недела и, иако слабо се вртам тука во последно време, го направив колачево за да го одбележиме. ова е едно од оние колачи кои мајка ми често ги правеше порано, а и сега сé уште, за посебни прилики. лесно се прави, а е многу вкусно и убаво изгледа, па сакам да го имам запишано тука.
Continue Reading…еве ме скоро во последен момент со рецепт за нешто што може да се направи брзо и да се подари некому за празниците.
Continue Reading…толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
многу од сеќавањата ми се поврзани со некое јадење. како еден ванила сладолед послужен со исецкана крушка и слатко од смокви. пред многу години вујна ми ми носеше и втор и трет пат чиниче од овој сладолед. вкусот сé уште го памтам, а и тоа дека ме испрати со врзоп диво лукче што го собрала на некоја планина и инструкции како да направам супа со него.
печено цвекло во салата со марула, рукола или млад спанаќ, сирење и јатки или семки и суви брусници, со прелив од маслиново, оцет балсамик и сируп од калинка е нешто неверојатно. овој киш е со слични вкусови, особено интересен поради сирењето манури кое совршено се вклопува со карамелизираниот кромид, печеното цвекло и оревите.
машината за леб ја купивме пред точно една година. прво се противев, мислев ќе зафаќа место, а нема да ја користиме. мислев дека можат да се прават само два – три различни рецепти за леб и тоа ми изгледаше досадно. слушав дека мора строго да се придржуваш до рецептите кои доаѓаат со неа, ама прилично брзо почнав да не се придржувам до нив. менувам разни брашна, додавам разни семиња и зрна. сол помалку, шеќер воопшто не ставам, а ни млеко во прав. некогаш додавам некој зачин, лут буковец или суво нане, оригано. наместо вода, ставам кефир, или течноста што останува кога ќе се процеди кефирот. или сварена пченица, пире од цвекло…
брауни пита ми е во план за правење со месеци. јадевме една купечка на минатиот роденден на мартин и од тогаш ја чекам да дојде на ред. многу е вкусна, реакцијата на сите што ја пробаа уште на првиот залак беше “ммммммм”.
знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
наидов на интересен рецепт за пита со готови кори, начинот на правење полесен не може да биде, а бидејќи веќе имав полупотрошено пакување кори со хеља во фрижидер, решив веднаш да ја пробам. во мојава верзија има јаболка и помеѓу корите, а мислам дека може да се направи и во солена варијанта.
крисп или крамбл ни е омилено благо во лето. сите пролетни и летни овошја се одлични за крисп (јагоди, малини, вишни, кајсии, праски, сливи… освен дињи и лубеници), а на есен јаболка, круши, дуњи…
не знам дали им треба претставување на ванилиците, верувам дека сите ги знаете. баба ми често ги правеше, користејќи како калап мала чашка за ракија. го немам нејзиниот рецепт, па затоа го следев овој, на ана од блогот prstohvat soli. нејзините изгледаат исто како оние на баба ми, и јас не сменив ништо во правењето и излегоа совршени.
мислам дека нема многу што да се објаснува тука, меки ровки мафини полнети со цреши и посипани со шеќер и ореви. син ми мартин изјави дека овие се неговите втори омилени мафини (први се брауни мафините).