питите со овошје ми се едни од омилените десерти. тестото многу брзо и лесно се прави, филот се прилагодува според овошјето кое е во моментот зрело и го има најмногу по пазарите, а може да се употреби и замрзнато овошје. и формата е прилагодлива, може да биде висока пита, преполна со јаболка или капини, прекриена со слој тесто, плитка пита со крцкав крамбл врз овошјето или тарт или галета со јагоди, праски или смокви во еден слој.
и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
за каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.
наидов на интересен рецепт за пита со готови кори, начинот на правење полесен не може да биде, а бидејќи веќе имав полупотрошено пакување кори со хеља во фрижидер, решив веднаш да ја пробам. во мојава верзија има јаболка и помеѓу корите, а мислам дека може да се направи и во солена варијанта.
се надевам не сум досадна повторно со рецепт во кој се искористува пулпата останата од правење сок во соковник. ако често правите сокови, сигурно ќе ви се најде еден ваков рецепт. ако не правите, можеби е време да почнете :-). а секако можете да ги замените двете шољи пулпа со рендани јаболка и тиквици, како во оригиналниот рецепт.
лесно можете да направите тарт само од тесто и јаболка и несомнено ќе биде многу вкусен, без оглед дали ќе го зачините со цимет, каранфилче или ѓумбир (или сите три) и ќе го засладите со бел или кафеав шеќер или мед. таквиот тарт си е во ред. ама кога под редот јаболка ќе наредите кришки сирење бри, е тогаш ќе добиете нешто друго. јас овој тарт со јаболка и бри би го јадела и за доручек.
ако имате соковник, сигурно знаете колку е убаво да се пијат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук. ние поретко цедиме зеленчук, најчесто пиеме сокови од грејпфрут, јаболки, портокали, мандарини, ананас, лимон, крушки, праски, јагоди… од зеленчуците во скоро секоја тура ставаме моркови и цвекло, понекогаш парче свеж ѓумбир, ама во последно време почнавме да додаваме и сладок компир. сокот со сладок компир е многу вкусен и несомнено многу здрав. пробајте. измешајте го со други зеленчуци и овошја и кажете ни која е вашата омилена комбинација.
оригиналниот рецепт за ова колаче е со јаболка и боровинки. не сум го пробала така, мене ми дојде идеја дека ќе биде вкусно со јаболка и дуњи затоа што сакам дуњи и секогаш сум во потрага по интересни колачи со нив.
коблер обично се прави како овој со праски на маја. таа многу убаво го прави, еднаш дури донесе рабарбара од холандија за да ни направи коблер со рабарбара.
ова смути од последните зимски овошја ќе ве освежи после работа или после школо и ќе ви даде енергија додека ручекот не биде готов.
Brussels sprouts (на англиски) е зеленчук за кој не можам лесно да најдам збор во македонскиот јазик. Во рецептов ќе ги викам бриселски зелкички, ако имате предлог за друго има, оставете коментар ! Без разлика што имаме тешкотии со нивното име, рецептов е толку добар што заслужува да го поделам со вас. Мислам дека бриселските зелкички се зеленчук кој многу луѓе не го сакаат. Морам да признаам дека ни јас не им бев најголемиот обожавател – особено бидејќи со години единствениот начин за кој знаев како да ги подготвам беше да ги сварам набрзина или да ги зготвам на пареа. Морам да признаам исто така дека зелкичкиве кога се варат имаат и малку непријатен мирис – воопшто не буди апетит. Меѓутоа, пред неколку години открив дека кога ќе ги карамелизирате бриселските мали зелки, тие се трансформираат во многу вкусен зеленчук. Сега ми се еден од омилените зеленчуци ! Пробајте го рецептов, нема да се покаете!