Oat flour brownies | Sitno seckano

одамна не сме имале рецепт за брауни. овие на маја се одлични, а и овие како мафини полнети со кокос, имаме и едни со виолетов сладок компир, и мали брауни пити, ама јас овој пат брауните ги направив со различни брашна, не со пченично, и излегоа ептен добри.

115g путер

200g темно чоколадо

3 лажици жешка вода

⅔ шоља шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

1 лажичка вода од цвет од портокал (ако имате)

3 јајца

½ шоља / 46g овесно брашно

¼ шоља / 30g какао

¼ шоља / 39g оризово брашно

1 лажичка прашок за печиво

  • Користам темно чоколадо со 72-85% какао.
  • Ги печев брауните во тавче со пречник од 22 cm.
  • Овесно брашно правам со мелење овесни снегулки во сецко.

Стопете ги путерот и чоколадото врз тенџере со вода која полека врие, или во микро. Додајте ги шеќерот, ванилата и жешката вода и убаво промешајте. Потоа додајте ја водата од цвет од портокал и јајцата и повторно убаво измешајте. На крај додајте ги брашната, какаото и прашокот за печиво и мешајте сé убаво да се соедини.

Тавчето премачкајте го со путер, префрлете ја смесата во него и ставете ја да се пече во рерна загреана на 175°C околу 20 минути. Како со сите брауни, добро е да извадат од рерна пред да бидат целосно суви.

рецепт инспириран од прекрасниот блог oh honey bakes.

Oat flour brownies | Sitno seckano

we haven’t had brownies on the blog for a long time. these from majа are really great, also these coconut filled brownie muffins, we have ones made with purple sweet potato, and cute little brownie pies, butt this time i made the brownies with different flours and they came out pretty good.

115g butter

200g dark chocolate

3 tablespoons hot water

⅔ cup sugar

1 sachet vanilla sugar

1 teaspoon orange flower water (optional)

3 eggs

½ cup / 46g oat flour

¼ cup / 30g cocoa

¼ cup / 39g rice flour

1 teaspoon baking powder

  • I use dark chocolate with 72-85% cocoa.
  • I baked the brownies in a 22 cm round pan.
  • I make oat flour from oat flakes in a food processor.

Melt the butter and chocolate in a double boiler, over slowly simmering water or in the microwave.

Add sugar, vanilla and hot water and stir. Add orange flower water, if using, and eggs and stir until well incorporated. Finally, add the flours, cocoa and baking powder and fold everything together.

Butter the pan, pour the batter in it and bake the brownies in an oven preheated at 175°C around 20 minutes. As with most brownie recipes, it’s better to take them out of the oven before they are too dry.

recipe adapted from the beautiful blog oh honey bakes.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Ролат од белки со маскарпоне / Mascarpone Meringue roulade

Leave a Reply