мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
ова јадење го направив за сите оние кои постат периодов. беше многу вкусно, a зготвено е без масло, што беше многу лесно да се направи во керамичко тенџере кое не се лепи, ама мислам дека кромидот може да се зготви во било какво тенџере без масло, со додавање малку вода.
Кога прв пат ја прочитав идејата за салатава на некој блог, веднаш знаев дека ќе биде одлична. Салатава е мешавина од булгур, грозје и овчо сирење и поедноставна не може да биде. Не само што е лесна за правење и евтина, туку трае со денови. Имав доволно салата за 4 дена ручек на работа. Ако немате грозје или овчо сирење, може да додадете што сакате: бело сирење, исецкано јаболко, маслинки, биено сирење, магдонос. Магдонос би бил одличен додаток.