Кога прв пат ја прочитав идејата за салатава на некој блог, веднаш знаев дека ќе биде одлична. Салатава е мешавина од булгур, грозје и овчо сирење и поедноставна не може да биде. Не само што е лесна за правење и евтина, туку трае со денови. Имав доволно салата за 4 дена ручек на работа. Ако немате грозје или овчо сирење, може да додадете што сакате: бело сирење, исецкано јаболко, маслинки, биено сирење, магдонос. Магдонос би бил одличен додаток.
деновиве ни се собра многу грозје дома, немаше шанси да го изедеме пред да се расипе, па побарав некој рецепт каде што може да се употреби. оваа фокача од овде и овде ми се виде како совршен таков рецепт, а и добра прилика да го употребам големото delimano тавче кое заедно со уште неколку тавчиња и тенџериња го добивме како поклон од top shop.