All posts in “коприви”

Триаголници

1 kg брашно, тип 400
1/2 l топла вода
малку сол
1-2 лажици зејтин
1 маргарин, на собна температура

1. во вангла ставете околу 700 gr брашно, солта, зејтинот и малку топла вода, колку да стане тесто. префрлете го тестото на побрашнета површина, и месете го, додавајќи топла вода или ако треба и брашно, додека не стане мазно и меко.
2. напревете топка од тестото и оставете ја да отстои 20тина минути побрашнета и покриена со крпа.
3. потоа исечете ја топката на 4 дела и секој дел исукајте го посебно, на 1-2 mm дебелина и премачкајте го со околу 50 g маргарин. со нож исечете ја кората во форма на полжав, за да добиете долга лента околу 4 cm широка, фатете го надворешниот крај на лентата и почнете да ја мотате како клопче, сé до крајот, по малку затегнувајќи додека мотате. клопчето побрашнете го, ставете го во тањир, па во кеса и во замрзнувач. повторете го истото и со другите 3 делови од тестото.
4. тие топчиња уште еднаш исукајте ги во правоаголна форма, на дебелина 1-2 mm и исечете ги на долги ленти широки околу 7 cm.
5. на крајот на секоја лента ставете лажиче или две од смесата и завиткајте го триаголничето како на сликата.
6. во едно лонче загрејте малку зејтин и малку маргарин и со тоа попрскајте го тавчето на кое ќе ги наредите триаголниците. потоа премачкајте ги триаголниците со разматена жолчка и посипете ги со сусам, ленено семе или крупна сол. ставете ги да се печат во загреана рерна на 250°C околу 20 минути или додека не се заруменат.

јас дел од триаголниците наполнив со смеса од пржено мелено месо со кромитче и црвен пипер, а другиот дел со смеса од коприви, урда и јајце.

Кајгана со коприви



3-4 јајца
еден врзоп коприви
лажица-две урда
сол, бибер

копривите нема да журкаат ако ги потопите во вода што врие пола минута. потоа исцедете ги, исчистете ги и додајте ги во измутените јајца со урдата и малку сол и бибер. загрејте зејтин во тавче, истурете ги јајцата со коприви и оставете на средно, да се испржи од едната страна, па превртете ја кајганата да се испржи и од другата страна.