ова смути од последните зимски овошја ќе ве освежи после работа или после школо и ќе ви даде енергија додека ручекот не биде готов.
Не знам за вас, ама во есен можам да јадам тиква во различни варијации секој ден. Сега e сезоната да се јадат тикви и ова е еден од рецептите кој се надевам ќе ве инспирира (не е баш ни рецепт, повеќе како идеја).
Scroll down for the recipe in English.
Всушност денеска планирав да ставам друг рецепт (без тиква и покомплициран) ама сонцето грее надвор и е совршен есенски ден, па во замена за комлицираниот пост, ви го нудам ова фрапе од тиква (и сега одам да возам точак во парк и да шетам врз крцкави шарени есенски лисја).
1/2 шоља боровинки
1/2 шоља јагоди
1/2 шоља малини
1 праска
1 шоља ванила јогурт
1 шоља млеко
измешајте сè во блендер, сипете во голема чаша и уживајте. од наведените количини се добиваат 3 големи чаши смути.
можете да експериментирате со разни комбинации на овошја, дури и замрзнати, може да се стави само јогурт или само млеко, а добро е и со сладолед. некогаш е потребно да се додаде шеќер или мед, ако користите обичен јогурт, не ванилест, или ако овошјето е кисело (вишна на пример).