All posts in “месено / breads”

Гужвана гибаница / Scrunched gibanica


еве го рецептот за гибаницата која ја правеше Даниел:

6 јајца
200 g сирење
100 ml зејтин
300 ml кисела вода
500 g свежи кори


измешајте ги во еден сад сите состојки освен корите. тавчето намачкајте го со зејтин и ставете една кора. сите други кори, освен една која ќе ја оставите за најгоре, гужвајте ги, потопувајте ги во јајцата и редете ги во тавчето. ние зедовме малку поголемо тавче (34 x 24 cm, или да не речам 9 x 13 инчи), па излезе тамам.
кога ќе ги наредите сите гужвани кори, истурете го остатокот од јајцата врз нив и ставете ја последната кора, во еден слој.
печете ја гибаницата во незагреана рерна на 220°C околу 25-30 минути.


6 eggs
200 g feta cheese
100 ml oil
300 ml sparkling water
500 g phyllo dough

mix all the ingredients, except the phyllo dough. oil a 9×13-inch pan and lay one sheet at the bottom. leave one sheet aside for the top. scrunch all other sheets, one by one, submerse in the egg mixture and put in the pan. pour the remaining egg mixture over the scrunched sheets and cover with the one left sheet. bake the cheese puffs at 220°C for 25-30 minutes.

Tart tatin со патлиџани (Tomato tart tatin)





670 g патлиџани, исечени на пола
4 лажици маслиново масло
сол, бибер
свеж босилок

за тестото:
225 g обично брашно
25 g пченкарно брашно
100 g маргарин, ладен
25 g рендан пармезан
1 јајце

измешајте ги патлиџаните со маслиновото масло, солта и биберот и наредете ги во тавче со пречник од 25 cm на кое му се вади дното. јас ги пополнив празнините помеѓу половинките со парченца патлиџан. посипете ги патлиџаните со ливчињата босилок.

за тестото: помешајте ги двете брашна, па со прсти вмешајте го во нив маргаринот додека не добиете нешто како трошки. додадете го пармезанот, па направете дупка во срдината и ставете го јајцето и малку ладна вода колку да се добие меко тесто.

исукајте го тестото на малку побрашнета површина да се добие круг со пречник од 28 cm и ставете го врз патлиџаните, а краевите подбутнете ги околу патлиџаните во тавчето.

печете ја питава (не знам кој збор повеќе одговара, пита или погача, или некој друг, како превод за Tart Tatin) во загреана рерна на 180°C околу 50 минути. извадете ја од рерна и оставете ја десетина минути да се олади, а потоа превртете ја на тањир за послужување. се јаде и топла и ладна.

Триаголници

1 kg брашно, тип 400
1/2 l топла вода
малку сол
1-2 лажици зејтин
1 маргарин, на собна температура

1. во вангла ставете околу 700 gr брашно, солта, зејтинот и малку топла вода, колку да стане тесто. префрлете го тестото на побрашнета површина, и месете го, додавајќи топла вода или ако треба и брашно, додека не стане мазно и меко.
2. напревете топка од тестото и оставете ја да отстои 20тина минути побрашнета и покриена со крпа.
3. потоа исечете ја топката на 4 дела и секој дел исукајте го посебно, на 1-2 mm дебелина и премачкајте го со околу 50 g маргарин. со нож исечете ја кората во форма на полжав, за да добиете долга лента околу 4 cm широка, фатете го надворешниот крај на лентата и почнете да ја мотате како клопче, сé до крајот, по малку затегнувајќи додека мотате. клопчето побрашнете го, ставете го во тањир, па во кеса и во замрзнувач. повторете го истото и со другите 3 делови од тестото.
4. тие топчиња уште еднаш исукајте ги во правоаголна форма, на дебелина 1-2 mm и исечете ги на долги ленти широки околу 7 cm.
5. на крајот на секоја лента ставете лажиче или две од смесата и завиткајте го триаголничето како на сликата.
6. во едно лонче загрејте малку зејтин и малку маргарин и со тоа попрскајте го тавчето на кое ќе ги наредите триаголниците. потоа премачкајте ги триаголниците со разматена жолчка и посипете ги со сусам, ленено семе или крупна сол. ставете ги да се печат во загреана рерна на 250°C околу 20 минути или додека не се заруменат.

јас дел од триаголниците наполнив со смеса од пржено мелено месо со кромитче и црвен пипер, а другиот дел со смеса од коприви, урда и јајце.