670 g патлиџани, исечени на пола
4 лажици маслиново масло
сол, бибер
свеж босилок

за тестото:
225 g обично брашно
25 g пченкарно брашно
100 g маргарин, ладен
25 g рендан пармезан
1 јајце

измешајте ги патлиџаните со маслиновото масло, солта и биберот и наредете ги во тавче со пречник од 25 cm на кое му се вади дното. јас ги пополнив празнините помеѓу половинките со парченца патлиџан. посипете ги патлиџаните со ливчињата босилок.

за тестото: помешајте ги двете брашна, па со прсти вмешајте го во нив маргаринот додека не добиете нешто како трошки. додадете го пармезанот, па направете дупка во срдината и ставете го јајцето и малку ладна вода колку да се добие меко тесто.

исукајте го тестото на малку побрашнета површина да се добие круг со пречник од 28 cm и ставете го врз патлиџаните, а краевите подбутнете ги околу патлиџаните во тавчето.

печете ја питава (не знам кој збор повеќе одговара, пита или погача, или некој друг, како превод за Tart Tatin) во загреана рерна на 180°C околу 50 минути. извадете ја од рерна и оставете ја десетина минути да се олади, а потоа превртете ја на тањир за послужување. се јаде и топла и ладна.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Bhindi bhajee (пржени бамји)
next post: Салата со боранија и пченка

Leave a Reply