многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.
остана уште многу малку време до доаѓањето на новата година, само неколку денови, но доволно да ги подготвите последните домашно-зготвени подароци. ви предлагаме сами да направите сенф, со јак вкус, хариса, за љубителите на луто и чоколадни распукани колачи, кои ќе бидат добредојдени и од децата и од возрасните. а за повеќе идеи разгледајте ги нашите претходни домашно-зготвени новогодишни подароци.
сте ги пробале ли сосовите на мирана? кој е вашиот омилен? мене на прво место ми е синап. го ставам во сендвичи, помешан со мед, врз пилешко, пред да го печам, во преливи за салата, во ќофтиња… а еве уште една вкусна идеја како да го употребите.