дали понекогаш ви останува неиспиено вино? ни нас. сепак некогаш, ретко, може да се случи да ни остане, па еве една идеја како да се искористи. ова е од оние јадења кои ги правам без рецепт. често правам такви јадења, и не мерам, користам состојки кои ги имаме во моментот, не запишувам и јадењето при секое правење е различно.
овие крушки ги направив уште пред некој месец, и некако останаа ненапишани, иако се многу вкусни, особено следниот ден, ладни, директно од фрижидер.
Топла, сончева есен, како оваа што ја имаме, е вистинското време за уживање во ваков сладолед. кремаст ванила сладолед, со суви сливи потопени во црно вино и ишаран со желе од вино, вкусовите се есенски.
ова желе е само за љубителите на виното. има јак вкус на вино, одлично оди со крекери и разни сирења, а го помина и тестот на моите колеги.
scroll down for the recipe in english
Времето е само за варено вино. Многу е едноставно да се направи дома, можете да употребите разни зачини и овошја, а еве што употребив јас пред некој ден за вареното вино од сликите: