All posts in “со овошје / fruits”

Peach Cobbler

Oд сите рецепти за десерти во светот, моите најомилени се сите американски. Не затоа што ретко кога не се исклучително вкусни (што не би било вкусно со цел путер и пола кило шеќер – ама ајде), туку затоа што се исклучително едноставни.
Oва е мојот втор, успешен обид со овошното колаче cobbler. Може да употребите скоро било кое овошје, боровинки, јагоди, праски, малини, или мешавина од овошја …
1 2/3 шољи брашно
3 1/2 лажици шеќер
1 лажица + пола лажиче прашок за печење
2 жолчки од варени јајца (јас ставив една бидејќи мразам варени јајца)
пола путер
2/3 шоља хопла
за овошјето:
6 праски – моите беа мешавина од зрели и полу-зрели
3 лажици јаворов сируп или мед, или шеќер
малку мушкатно оревче и малку цимет
Измешајте ги сите состојки за тестото, прво со вилушка па потоа со рака. Излупете ги праските. Јас ги полив моите праски со жешка вода, па потоа ги ставив во ладна неколку минути. Пола од праските лесно се излупија поради жешката вода, пола не.
Исечете ги праските на мали парчиња и измешајте ги со циметот, оревчето и сирупот. Од тестото направете 6 (или ако тавчето ви е поголемо – 8 ) топки и ставете ги врз овошјето. Намачкајте го тестото со една лажица хопла. Печете го во рерна загрена на 180 степени околу 40 – 45 минути. И јадете го со сладолед од ванила, или пудинг или шлаг.
Маја

Пандишпан со овошје и пудинг



пандишпан во парчиња (се продава во некои самопослуги во кеси од кило)
овошје (праски, банани, јагоди…)
1 пудинг
2-3 лажици некое слатко или мармалад

во некој стаклен сад или пластична кутија (идејата е садот да има вертикални и високи ѕидови) наредете парчиња од пандишпанот во еден слој, па сецканото овошје, па една лажица слатко, па сипете пола или третина од пудингот и потоа пак тесто, овошје, слатко, пудинг. можете вака да направите 2 или три слоја, во зависност од големината на садот и количините. оставете го садот во фрижидер најмалку 2-3 саата и потоа можете да го јадете благото, ама сепак повкусно е следниот ден.

ова на сликата е комбинација од пудинг од ванила, праски и слатко од капини. добра комбинација е и пудинг од чоколадо, јагоди и слатко од јагоди, а бананите одат со сè. можете да употребите кое сакате овошје, вкус на пудинг и слатко.

Fruit crumble



за тестото:
225 g брашно (може во тие 225 g да има разни брашна, дел да бидат мелени ораси, лешници или бадеми, може да се стави мелен ѓумбир, овесни снегулки… јас ставив обично брашно + малку мелени бисквити + околу 40 g кокосово брашно + топчиња од карамела)
115 g путер, ладен
90 g шеќер

за овошјето:
455 g овошје (јас ставив само праски, ама може да се стави и некое друго обошје или комбинација овошја, смокви, јаболки, капини, кајсии, рибизли, сливи, малини, круши, портокал, суво грозје, карамелизиран ѓумбир, бадеми…)
3 лажици шеќер (или мед)
некој зачин (може да се стави или не, јас ставив едно лажиче пимент)

брашното (и другите брашнести состојки, ако се ставаат) се меша со шеќерот и путерот, со раце, да се добие нешто како трошки.
овошјето, измиено и исчистено (јас ги оставив лушпите на праските, беа вкусни) се сецка ако е покрупно и се става во тавче, се посипува со шеќер, па со трошките и се пече на 200°C околу пола саат.

Fruit smoothie




1/2 шоља боровинки
1/2 шоља јагоди
1/2 шоља малини
1 праска
1 шоља ванила јогурт
1 шоља млеко

измешајте сè во блендер, сипете во голема чаша и уживајте. од наведените количини се добиваат 3 големи чаши смути.
можете да експериментирате со разни комбинации на овошја, дури и замрзнати, може да се стави само јогурт или само млеко, а добро е и со сладолед. некогаш е потребно да се додаде шеќер или мед, ако користите обичен јогурт, не ванилест, или ако овошјето е кисело (вишна на пример).

Light Buttermilk Pancakes




1 шоља брашно
2 лажици шеќер
1 лажиче прашок за печиво
пола лажиче сода бикарбона
малку сол
1 шоља buttermilk (тоа е нешто како јогурт, можете да ставите јогурт)
1 лажиче зејтин
1 јајце

прво измешајте ги сувите состојки, потоа додадете ги останатите и мешајте додека смесата не се изедначи.
сипувајте по четвртина шоља од смесата на загреано тавче со малку зејтин. откако ќе се испржи од едната страна, превртете ја палачинката да се испржи од другата страна.
можат да се додадат разни интересни ствари. маја на некои палачинки им стави боровинки, на некои цимет, а на некои парченца чоколадо.
палачинките се јадат со јаворов сируп.

Колаче со боровинки





Ова колаче всушност се вика Мамка за момчиња со боровинки (Blueberry Boy Bait). Маја го направи завчера и многу беше убаво, одма го изедовме. Рецептот е овде: smittenkichen.com. Само Маја стави дупло повеќе боровинки. И цел путер е многу, доволно би било да се стави пола. Мислам дека тогаш и боровинките нема да пропаднат до дното.

Вафли со овошје

овде немаше многу готвење, освен слаткото од јагоди кое го направи мајка ми, вафлите се од кам маркет, а бананата е исецкана на кругчиња.
можете да ставите какво сакате овошје и какво сакате слатко или мармалад или мед или стопено чоколадо.