од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.
првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.
сите знаеме дека е добро да се јаде риба, барем еднаш неделно… или три пати. ние најчесто јадеме пастрмка, едноставно испечена, а кога имам време ѝ додавам компири и кромид. вака испечен, кромидот е многу вкусен, стопен и сладок.
сте ги пробале ли сосовите на мирана? кој е вашиот омилен? мене на прво место ми е синап. го ставам во сендвичи, помешан со мед, врз пилешко, пред да го печам, во преливи за салата, во ќофтиња… а еве уште една вкусна идеја како да го употребите.
лукче и магдонос – најдобри другари, така вели џејми оливер во неговите емисии, а син ми се смее на тоа. ама лукче и магдонос навистина е одлична комбинација, уште и премачкани на чворчиња од тесто… нема да можете да каснете само едно или две.
не знам дали јадете магдонос колку мене, го ставам во супи, манџи, салати, сендвичи… како додаток. ама овде е главен и е супер. секако можете да додадете и друг зелениш, рукола, зелена салата, други тревки…
Continue Reading…