некако, како се стопли времето, веќе не посегнуваме по мандарини или портокали. а ги имавме, па иако цитрусни тартови не ми се нешто што на прва би избрала, во слаткарница или да го направам, сепак решив да ги искористам мандарините за нив.
сирењето манури е одлично во салати, со марула, спанаќ или рукола, со печено цвекло и јатки… ама бидејќи е несолено, добро оди со овошје за десерт. сега го направив со урми, на лето ќе го пробаме со свежо овошје, праски, сливи, смокви.
ако имате соковник, сигурно знаете колку е убаво да се пијат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук. ние поретко цедиме зеленчук, најчесто пиеме сокови од грејпфрут, јаболки, портокали, мандарини, ананас, лимон, крушки, праски, јагоди… од зеленчуците во скоро секоја тура ставаме моркови и цвекло, понекогаш парче свеж ѓумбир, ама во последно време почнавме да додаваме и сладок компир. сокот со сладок компир е многу вкусен и несомнено многу здрав. пробајте. измешајте го со други зеленчуци и овошја и кажете ни која е вашата омилена комбинација.