All posts in “какао”

Чоколадно колаче со тиквици / Chocolate zucchini cake

после питата со тиквици воопшто не ми е чудно кога ќе видам тиквици во благ рецепт. ова чоколадно колаче со тиквици е феноменално, ептен чоколадно, а сочно од тиквиците.

Continue Reading…

Чоколадно-портокалова торта / Chocolate-orange cake

оваа торта не е обична чоколадна торта. во неа нема ни млеко, ни јајца, ни масло, ни шеќер, а нема ни глутен бидејќи е направена со брашно од наут и овес. многу е вкусна и слатка и супер оди со резанчиња портокал.

Continue Reading…

Бомбици од урми и какао / Date cocoa truffles

неверојатни бомбици од урми, зрна какао, лешници и зачини, кои ги правевме кога бев на гости кај биби. освен што имаат многу интересен вкус – благи се од урмите, а малку лутки од црвениот пипер – немаат никаков додаден шеќер, масло, јајца, млеко, вегански се и без глутен. на сето тоа и сирови.

Браунис …. Brownies

На Бојана и мене не ни се веруваше дека до сега не сме ставиле рецепт за браунис (brownies) на блогот. И еве конечно ќе го исправиме овој пропуст.

Continue Reading…

Чоколадна торта со Гинис / Chocolate Guinness cake

знам дека е сезона на јагоди, и ние дома многу ги јадеме, најчесто свежи. ама оваа година немам ништо ново направено со јагоди, сé поради овој рецепт од лани. совршен е, и веќе три пати го направив оваа година, кремчето, јагодите, тестото… совршено одговараат заедно.

ама затоа имам нов рецепт за чоколадна торта, и тоа не било каква, туку со темно пиво гинис.

Continue Reading…

Пакетче / Goody bag


многу се радуваме кога нашите читатели придонесуваат во создавањето на нашиот блог. искра имаше одлична идеја да се направи новогодишно пакетче со домашно подготвени работи. опциите се многу, ние направивме колачи со стакленце, ушеќерени кори од портокал и домашна мешавина за топло чоколадо, а можете да направите нешто и од нашите постари постови. јас на пакетчево би му додала едно тегличе домашна гарам масала, тегла домашно крцкаво мусли или домашен еурокрем и чипс од јаболки.

 

за колачите со стакленце ви треба:
(за околу 15 колачи)
1 шоља сенаменско брашно
1/4 – 1/2 лажиче прашок за пециво
60 gr путер, на собна температура
1/2 шоља шеќер
1 јајце, не многу големо
1 кесичка ванилин шеќер
10тина тврди бомбони, исечени на парчиња

изматете ги путерот и шеќерот, додадете го јајцето, па потоа и другите состојки, освен бомбоните, и ставете го тестото во фрижидер на 45 минути. потоа исукајте го на побрашнета површина на дебелина од 3-4 mm и исечете форми. префрлете ги со рамна лажица во плех обложен со хартија за печење, направете им дупче во средината во некоја форма и пополнете го со парчиња бомбони во една боја, во еден слој. остатокот од тестото повторно исукајте го и исечете уште колачи. и тестото од дупчињата можете да го искористите за уште колачи, или како мене, да го испечете како мали колаченца.

печете ги колачите во загреана рерна на 160°C околу 10 минути, додека бомбоните не се стопат и тестото не е пожолтено. не чекајте тестото да се зарумени, затоа што бомбоните ќе загорат. да не ви покажувам слики, како тоа изгледа. често проверувајте ги, не им смета отварање на рерната. колачите ќе бидат меки кога ќе ги извадите, ама кога ќе се оладат ќе бидат таман.


за топлото чоколадо:
1 шоља шеќер во прав
1/2 – 3/4 шоља какао

 

измешајте ги шеќерот и какаото и ставете ги во тегла. можете да додадете и 1 кесичка ванилин шеќер, малку цимет или малку лут црвен пипер. на теглата врзете ливче со упатство за правење на топлото чоколадо: 2 лажички од мешавината се растопуваат во шоља жешко млеко.

рецептот за ушеќерените кори од портокал очекувајте го утре-задутре.

други работи кои можете да ги вклучите во пакетчето:
чоколадни мафини, овие или овие

Коцки со кокос / Coconut squares

овие коцки мајка ми одамна ги нема направено и затоа јас се нафатив.

за тестото:
3 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици зејтин
13 лажици млеко
14 лажици брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 прашок за пециво

за преливот:
300 ml млеко
4 лажици шеќер
3 лажици какао

100 gr кокос за валкање

изматете ги сите состојки за тестото и испечето го во подмачкано тавче со пречник од 28 cm во загреана рерна на 200°C.
додека тестото се лади, стоплете го млекото за преливот со шеќерот и какаото, додека сè убаво не се растопи. исечете го тестото на коцки без да го вадите од тавчето и прелијте го со преливот. пазете во секој процеп да влезе од течноста.
оставете ги повторно да се оладат, а потоа вадете од тавчето коцка по коцка и валкајте ги во кокос.

my mother used to make these squares, but she didn’t make them for a long time, so i did.

for the dough:
3 eggs
15 tablespoons sugar
15 tablespoons vegetable oil
13 tablespoons milk
14 tablespoons flour
1 sachet vanilla sugar
1 sachet baking powder

for the liquid:
300 ml milk
4 tablespoons sugar
3 tablespoons cocoa

100 gr shreded coconut for rolling

whisk all the dough ingredients and bake the cake in a buttered 28 cm tin at 200°C.
while the cake is cooling, warm the milk with the sugar and cocoa until they melt. cut the cake in squares without taking it out of the pan and pour the milk over it. make sure it gets between every square.
let them cool, then roll every square in shredded coconut.