пазете: ова колаче создава зависност!

за филот:
2 помали тиквици, излупени, исецкани и со извадени семки
2 јајца
2 шољи шеќер
4 лажици брашно
100 g маргарин на собна температура
1/2 шоља оризово или соино млеко во прав
1 кесичка ванилин шеќер

тиквичките варете ги во малку вода додека не омекнат. потоа исцедете ги и оставете ги да се оладат.
изматете го маргаринот со шеќерот, додадете ги јајцата, па потоа и сите други состојки.

тестото се прави исто како оноа за питата со вишни само не се става слој врз филот. делот од тестото што ќе ви остане може да се замрзне и да се употреби во некоја друга пита.

истурете го филот во тестото и посипете го со мелено морско оревче или пимент. не штедете на морското оревче, кога ќе се испече питата се прави убава крцкава леплива коричка.

печете ја питата во загреана рерна на 175°C додека филот не се стврдне, околу 50-70 минути.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Триаголници
next post: Артичоки

Trackbacks for this post

  1. Коблер со јаболки и капини / Apple blackberry cobbler | sitnoseckano
  2. Чоколадно колаче со тиквици / Chocolate zucchini cake | sitnoseckano

Leave a Reply