200gr лешници
4 лажици сирови зрна какао (или какао во прав)
15-тина меки урми
2 лажици ликер од кафе
околу ½ лажиче лут црвен пипер
околу ¼ лажиче мускатно оревче
какао за валкање
пробајте да најдете меки урми. ако не се баш меки, ставете ги да отстојат во топла вода да омекнат.
исчистете ги зрната какао и сомелете ги во мелница за кафе. лешниците сомелете ги во сецко, па додајте ги сите други состојки во сецкото и измешајте сé да се добие еднолична смеса.
ставете ја смесата во замрзнувач околу 15 минути. потоа правете топчиња од неа и валкајте ги во какао.
бомбиците чувајте ги во фрижидер или замрзивач.
200 gr hazelnuts
4 tablespoons cocoa beans, or cocoa powder
around 15 soft dates
2 tablespoons coffee liqueur
about ½ teaspoon cayenne pepper
about ¼ teaspoon nutmeg
cocoa powder for rolling
if your dates aren’t soft, soak them in warm water to soften.
grind cocoa beans in a coffee grinder. process the hazelnuts in a food processor. add the rest of the ingredients to the hazelnuts and blend everything.
transfer to a bowl and place in the freezer for 15 minutes. then roll into balls and roll the balls in cocoa powder.
keep the truffels in the fridge or the freezer.
next post: Пилешко кари / Chicken curry
Јас ги пробав – ЕПТЕН се вкусни! Браво!