дали понекогаш ви останува неиспиено вино? ни нас. сепак некогаш, ретко, може да се случи да ни остане, па еве една идеја како да се искористи. ова е од оние јадења кои ги правам без рецепт. често правам такви јадења, и не мерам, користам состојки кои ги имаме во моментот, не запишувам и јадењето при секое правење е различно.
не знам дали овој гулаш е автентичен унгарски или не, во секој случај е многу вкусен и е одлична манџа за ова време од годината. ставете лути чили пиперчиња по свој вкус. списокот на состојки е подолг, ама воопшто не е тешко да се направи, и ако немате некој зачин, изоставете го. и кнедлите се убав додаток. обично сме навикнати на кнедли во супа, а овие се малку поразлични, дека се готват на пареа. Continue Reading…
Со закаснување од неколку месеци (тука летото заврши веќе) купивме мала скара за една употреба – јаглен во кутија направена од метална фолија и мала решетка одозгора и на првиот ден без дожд ја инсталиравме на нашиот мал балкон.
Двата бифтека ги зачинив со малку сол и бибер и ги намачкав со маслиново масло. Бифтекот на скара се печеше 5 минути од едната и 7 минути од другата страна. Беше крцкав од надвор и малку розов, мек и сочен внатре. Следниот пат би го оставила пократко на скарата за да биде порозов.
2 пченки, варени во мешавина од млеко и вода, ги јадевме со путер, сол и бибер.
Црвени компири варени со лушпа, и изгмечени со малку павлака, путер, сол и бибер.
Карамелизираниот кромид, го пржев со малку зејтин на многу јака температура, со постојано мешање, околу 5 минути додека не се карамелизира.
Caesar Salad – зелена салата, croutons од бел леб исечен на коцки, полиен со малку маслиново масло и потпечен во рерна дур не се зарумени, прелив од мајонез, лимунов сок, една ронка сенф и 1 изгмечено лукче, сол, бибер и на крај ситно изрендан пармезан. (мојот прелив не беше автентичен за цезар салата – ама беше сличен на оргиналниот и подеднакво вкусен).
Маја