на овие температури сигурно не ви се стои покрај шпорет и не ви се готви. затоа еве еден освежителен пијалок од лубеница и портокал.
пред некое време си купивме соковник. не верував, ама многу добра справа е. секој ден смислуваме некоја нова комбинација од овошје и зеленчук. мојата омилена е јаболко, портокал, јагоди, морков и цвекло + некоја искршена коцка лед… нема подобро освежување.
само некако тешко ми паѓа да ја фрлам пулпата што останува од овошјето. еднаш остатокот од морковите го ставив во супа, еднаш направив колаче со пулпа од јаболко, портокал и лимон, а во овие мафини, наместо сецкани јагоди или некое друго сецкано овошје, ставив остатоци од јагодите од соковникот.
можеби вас коктелите ве асоцираат на викенд или одмор, ама мене некои денови добро ми доаѓа по еден ваков коктел после работа. инспирацијата е од овде.
син ми мартин многу сака јагоди. и свежи и во разни колачи. прво се израдува кога ме виде како ги редам врз тестото, па се разочара дека ги посипав со оцет балсамик, рече дека не сака ни да проба, ама кога излезе галетата од рерна, убаво испечена и миризлива, не можеше да одолее, проба и се воодушеви. не знам што им прави оцетот балсамик на јагодите, ама вкусот е ненадминлив.
наједноставниот сладолед што можете да го направите со овошје. мислам дека бев шесто или седмо одделение, кога баба ми ми го откри рецептот за овој овошно-јогуртен сладолед и од тогаш го правам секое лето со разни овошја. банани, праски, диња, цреши, вишни, круши… ама мислам дека со јагоди е највкусен.
ќе се согласите дека е време да почнеме со сладоледите. првиот сладолед што избрав да го направам годинава е многу вкусен, ама малце комплицирано се прави. не многу страшно комплицирано, ама вклучува употреба на повеќе садови и мешање покрај шпоретот. а сето тоа за да се добие интензивен вкус на портокал во кремаст сладолед.
ова смути од последните зимски овошја ќе ве освежи после работа или после школо и ќе ви даде енергија додека ручекот не биде готов.