All posts in “пица”

Spinach egg pizza | Sitno seckano

Пица со спанаќ / Spinach pizza

со денови ја мислев оваа пица, со јајце. ме потсеќа на пицата “скопје” од онаа пицерија каде што имаше многу убави панцероти, во гтц. тестото е оноа брзо тесто, што се прави за десетина минути, а спанаќот едноставно зготвен, со брз бешамел сос и лукче.

Continue Reading…

Quick pizza dough | Sitno seckano

Брзо тесто за пица / Quick pizza dough

кога последен пат зборевме за пица, ви реков дека имам рецепт за одлично брзо тесто. ваква пица најчесто правам во денови кога ќе дојдам од работа, а немам ништо смислено за ручек, ниту имам време. тестово се прави за неколку минути, нема месење, стои додека ги подготвувате другите состојки, лесно се развлекува и веднаш можете да ја печете пицата.

Continue Reading…

Pita bread with roasted vegetables | Sitno seckano

Лепињи со печени зеленчуци / Pita bread with roasted vegetables

обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.

Continue Reading…

Пица / Pizza

имаме рецепти за пици, не е дека не сме ја покриле таа тема до сега. само, работата е што ние дома прилично често јадеме пица и јас си зададов задача да го усовршам правењето на тестото. последниве неколку месеци сум прилично задоволна од тоа каков вкус и изглед има тестото. и целото правење не одзема многу време, нешто што ми е важно бидејќи не сакам да го поминам цел ден во кујна, иако уживам во готвењето. само треба малку планирање и правење на тестото некој ден однапред. мене баш тоа ми се чини дека ми ја олеснува работата, еден ден го правам тестото, а следните денови имам спремно тесто за пица, стапчиња со лукче и пармезан или стромболи.

Continue Reading…

Пица со праз / Leeks pizza

се залетав и купив голем врзоп праз, со повеќе од дваесет праза. добро што дома сакаме да го јадеме, а и многу е здрав, па веќе јадевме салати со свеж, ситно исецкан праз и маслинки, испржен со ориз, со шпагети и маскарпоне и во некоја форма на пита/галета/тарт. денешниот рецепт е една од тие варијанти, направена со тесто за пица.

Continue Reading…

Whole-wheat pizza ….. Пица со интегрално брашно

Кога живеевме во стан со многу слаба рерна, најмногу сакавме добра рерна за да печеме домашна пица. И сега во новиот стан, конечно можеме да печеме пица и домашна пица правиме барем еднаш неделно. Со цел да јадеме поздраво, експериментирав со интегрално брашно и дојдов до овој рецепт за пица тесто кој е ем здрав, ем вкусен. Ако прв пат правите пица со интегрално брашно, направете го рецептов со пола обично, пола интегрално, за да видите дали вкусот ќе ви се допадне.

Continue Reading…

Лисната пица / Puff pastry pizza

пица направена со лиснато тесто: нема што многу да се каже, рецептот е многу едноставен, а резултатот вкусен. одмрзнете купечко лиснато тесто (или измесете го ако сте вични, јас сé уште не сум пробала), развлечете го малку со сукало и врз него ставете сé што би ставиле за пица. испечете ја според упатството на лиснатото тесто.

Continue Reading…

Затворени пици со спанаќ / Spinach calzones

ок, доста беа варени јајца. мислам дека сите изедовме доволно.
еве еден рецепт за затворени пици со спанаќ, прилагоден од овде, а рецептот за тестото земен од овде. беа многу, многу вкусни. малку подолго се прават, поради чекањето тестото да нарасне, па затоа решив да ги правам во викенд и беа готови точно за ручек.

за 3 затворени пици:
фил:
1 шоља урда
1 шоља рендан кашкавал
1/2 kg спанаќ, измиен, исчистен и грубо исечен
црн бибер
1 лажица хопла
6 парчиња сланина

тесто:
1 кесичка сув квасец
1/2 шоља топла вода
1 1/2 шоља брашно (имајте при рака уште 1/4 шоља брашно, во случај да треба да му додадете на тестото)
1 јајце
1 лажица маслиново масло
1 1/2 лажичка сол

помешајте го квасецот со топлата вода и оставете го да отстои 5 минути.
ставете го брашното во поголем сад и додадете му го квасецот, јајцето, маслиновото масло и солта и сето тоа промешајте го, прво со вилушка, па со рака, додека не се оформи меко тесто.
пренесете го тестото на побрашнета маса и месете го полека. ако се лепи многу, додадете малку брашно додека не стане мазно. месете полека околу 3-5 минути.
намачкајте си ги рацете со зејтин и премачкајте ја топката тесто, па ставете ја во сад исто така премачкан со зејтин. покријте го садот со кеса, па оставете го на топло тестото да нарасне дупло, околу еден саат или нешто повеќе.

во меѓувреме, додека тестото расте, помешајте ги урдата, кашкавалот, спанаќот, хоплата и малку црн бибер.
поделете го тестото на 3 дела (јас направив 3 затворени пици бидејќи бевме тројца, и по една ваква пица ни беше доволна за ручек). развлечете го секој дел на побрашнета маса во круг со пречник од околу 20 cm. на едната половина од кругот ставете по две парчиња сланина, па третина од филот со спанаќ. свиткајте ја другата половина од кругот и притиснете ги краевите да се залепат, па премачкајте ги со зејтин. ставете ги врз хартија за печење или фолија во најголемото тавче од рерната и печете ги во загреана рерна на 200°C од 12 до 15 минути.

for 3 calzones:

filling:
1 cup ricotta
1 cup grated cheese
1/2 kg spinach, washed and roughly choped
black pepper
1 tablespoon cream
6 slices bacon

pizza dough:
1 package active dry yeast
1/2 cup warm water
1 1/2 all-purpose flour (set aside another 1/4 cup in case you need to work in a bit more)
1 egg
1 tablespoon olive oil
1 1/2 teaspoon salt

Stir together yeast and warm water in a small bowl and let stand about 5 minutes.
Put 1 1/2 cups flour in a large bowl, then make a well in center and add yeast mixture, the egg, oil and salt and mix first with a fork and then with your hand, gradually incorporating flour until a soft dough forms. Transfer dough to a floured surface and knead slowly. If you need additional flour, you have set aside your 1/4 and may add to dough, as necessary, until the dough is smooth, around 3-5 minutes. Oil your hands and coat the ball of dough you have now created. Transfer dough to an oiled bowl and cover with plastic wrap, letting it rise in a draft-free place at warm room temperature until doubled, 1 to 1 1/2 hours.

meanwhile, in a large bowl, combine the ricotta, cheese, spinach, cream and pepper.
divide the dough into 3 equal portions and roll and stretch them into 20 cm rounds. layer the bacon on one side of each round of dough and top with the spinach mixture. fold the dough over the filling and pinch the edges to seal. brush the tops of the calzones with oil. transfer to a parchment-lined baking sheet and bake in a preheated oven at 200°C until golden, 12 to 15 minutes.

Пица / Pizza

рецептот за тестото е земен од овде. и стварно е добар, ако не се препече.

3 шољи брашно
1 лажичка сол
3/4 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
3 лажици маслиново масло

брашното, 1/2 лажичка сол, шеќерот и квасецот, измешани, матете ги со миксер на мала брзина со споро додавање на 1 шоља ладна вода, додека не се поврзат, а потоа на средна брзина уште 10 минути. тестото треба да биде мазно и лесно да се одвојува од ванглата. премачкајте го со маслиново масло и оставете го да нарасне 2 до 4 саати. потоа ставете го на побрашнето тавче (големото од рерната) и растегнете го. попрскајте го со маслиново масло, посипете го со сол и ставете каков сакате мастраф.

јас ставив малку домашен кечап, оригано, рендан кашкавал, остатоци од варена кокошка и ленти сланина.

Се пече во загреана рерна на 250°C, 10 минути.