не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.
варијанта на сладоледот со јогурт, овој е направен со процеден домашен кефир.
често во лето го правам ова колаче со праски. едноставно е, а вкусно. овој пат решив да ставам и рибизли кои ги имав во замрзнувачот, мислејќи дека ќе изгледаат убаво кога ќе се испечат на површината. рибизлите пропаднаа во тестото, ама сепак, колачето е интересно со праски и со рибизли. пробајте го на двата начина, со и без рибизли, или со некое друго летно овошје.
еве едно лесно колаче со овошје. рецептот го начекав на design sponge, а е од една дизајнерка на текстил и илустраторка чија работа ми се допаѓа, лена корвин.
колачево ептен лесно се прави, а може да се стави и друго овошје, како јаболки, сливи, боровинки, што ќе ви се најде при рака. јас имав праски и капини.
1/4 путер
рендана кора од еден лимон
1 шоља брашно
2 јајца
3/4 шоља шеќер
1 лажица кафеав шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
2 шољи сецкано овошје
1/4 лажичка цимет

за тестото:
225 g брашно (може во тие 225 g да има разни брашна, дел да бидат мелени ораси, лешници или бадеми, може да се стави мелен ѓумбир, овесни снегулки… јас ставив обично брашно + малку мелени бисквити + околу 40 g кокосово брашно + топчиња од карамела)
115 g путер, ладен
90 g шеќер
за овошјето:
455 g овошје (јас ставив само праски, ама може да се стави и некое друго обошје или комбинација овошја, смокви, јаболки, капини, кајсии, рибизли, сливи, малини, круши, портокал, суво грозје, карамелизиран ѓумбир, бадеми…)
3 лажици шеќер (или мед)
некој зачин (може да се стави или не, јас ставив едно лажиче пимент)
брашното (и другите брашнести состојки, ако се ставаат) се меша со шеќерот и путерот, со раце, да се добие нешто како трошки.
овошјето, измиено и исчистено (јас ги оставив лушпите на праските, беа вкусни) се сецка ако е покрупно и се става во тавче, се посипува со шеќер, па со трошките и се пече на 200°C околу пола саат.