All posts in “мармалад”

Лепчиња со марципан / Marzipan scones

сé повеќе ми се допаѓаат овие колачи/лепчиња наречени скоунс. многу лесно се прилагодуваат со разни додатоци, па секогаш можете да добиете нешто различно.

Continue Reading…

Колаче со џем од сливи / Plum jam cake

вкусно колаче кое многу лесно и брзо се прави, а убаво изгледа. доволна ви е само една вангла за матење, не ви треба миксер и со секое правење можете да му го менувате вкусот со менување на џемот.

Праски / Peaches

одамна имам мерак да ги направам овие колачи. ги имав пробано само еднаш како мала, негде на гости и бев воодушевена од вештината на домаќинката да направи колачи кои изгледаат исто како праски. неодамна почнав да налетувам на рецепти за праски и еве, конечно, ги направив.

Continue Reading…

Ликер од кафе / Coffee liqueur

направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).

Continue Reading…

Мафини со џем / Jam muffins

се прават многу брзо, а супер се дека средината им е полна со мармалад и не се суви. ставете било каков мармалад. јас ставив од сливи.

Коцки со џем и кокос / Jam and coconut slice

ова колаче има тенок слој од тесто, премачкан со мармалад и посипан со слој од кокос. лесно и вкусно. јас премачкав една половина од тестото со џем од сливи, а другата со џем од капини, и двата направени од мајка ми. и двете беа подеднакво вкусни.

Колаче со мармалад / Jam cake

ова е едно колаче кое многу брзо и лесно се прави, совршено ако ви дојдат ненајавени гости или итно ви се јаде нешто благо, а освен тоа можете да го правите со различни мармалади и слатка, па така секогаш ќе има различен вкус.

Continue Reading…