понекогаш сакате брз десерт, без вклучување рерна, ниту микробранова. овој чизкејк во чаша се прави без печење, можете да направите само една или две чаши, а можете и да го дуплирате рецептот (или триплирате) и да подготвите повеќе чаши за повеќе луѓе.
толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.
знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
не знам дали негде во скопје можат да се најдат свежи брусници. јас ова колаче го направив кога бевме на гости кај маја и џипу во холандија, ама мислам дека ќе биде исто толку убаво и со вишни… или сливи. само ставете помалку шеќер ако се благи.