веќе поминаа десетина дена откако се вративме од холандија каде што бевме на гости кај маја, џипу и гавин, а јас дури сега седнувам да напишам нешто. изгледа ми требаше време да се одморам од патот, шетањата и интересните јадења.
Гледате ли Cake Boss? Јас и мајка ми многу го сакаме. Всушност дури и маж ми Џипу го гледа. Е па ни текна дека додека сме во Њујорк би можеле да одиме до Хобокен во Њу Џерзи и да одиме во неговата пекара. Еее, таму почна планот да се распаѓа… Дознавме дека Хобокен е само 15 мин. со воз од Њујорк, меѓутоа денот кога планиравме да одиме почна да паѓа снег и паѓаше и паѓаше и паѓаше. Да ги цитирам американските вести, тоа беше “the blizzard of 2010” (повеќе слики од снегот подолу). Возовите беа откажани не само тој ден туку и следните два, и на крај единствениот ден кога можевме да одиме беше денот кога таа вечер требаше да летаме назад дома. Ама јас не се откажувам така лесно… Меѓутоа… информациите како да стигнеме до таму кои ги најдов на интернет беа грешни и наместо воз за Хобокен, се качивме на воз до Journal Square. Комплетно збунети таму фативме такси, се возевме бесцелно десетина минути, поодивме пешки па фативме нешто што личеше на трамвај и ….
Ова беше ориз со нешто зелено, сос од свинско (ПАК свинско !) кој беше многу вкусен, и огромно парче пржено пилешко. Порцијата беше огромна, ефтина и супер.
Ова беше ориз, зелено чудо, сос од свинско и огромна кременадла. Многу многу вкусно.
Се разбира една вечер отидовме и на мексиканска храна. Минатата година бевме во овој мал ресторан и бевме сосема воодушевени. Се вика Pinche Taqueria и имаа неверојатни такос. Јас пиев и хорчата, пијалок од ориз и цимет кој беше прекрасен и кој ќе пробам да го направам дома.
Еве го вториот дел од нашето патување. За овој дел ги зачував највкусните јадења што ги пробавме и се надевам дека сликите ќе можат да ви доловат барем дел од тоа колку беа неверојатни. Но прво неколку фотографии од Brooklyn Bridge на зајдисонце.
Еве го најдоброто нешто што го јадевме во Њујорк. Нека не ве мами изгледот на сендвичиве. Вкусот беше да паднеш во несвест. Ова се сендвичи од Baogette, во Њујорк има 3 мали Baogette ресторанчиња кои продаваат виетнамски сендвичи, супи, noodles и слично. Ова е сендвичот со пилешко на скара. Беше фантастичен, но сепак второ место зад сендвичот со свинско на сликата подолу.
Овој неверојатен сендвич беше толку добар, таму отидовме и втор пат само за него. Изгледа многу скромно, но помеѓу мекиот француски леб имаше 4 вида свинско: печено свинско со виетнамска маринада – ова беше слатко и прекрасно, две разлишни домашни свински паштети и домашна terrine (како пача, ама без желето и со многу повеќе месо), плус скиселени моркови, краставица и даикон, свеж кориандер и мајонез помешан со чили сос Срирача. Кога би можела би го јадела овој сендвич барем два пати неделно додека не остарам! Дефинитивно имам план да пробам да го направам дома и да ви го кажам рецептот на блогот.
Еве го следното најпосакувано нешто за нас од Њујорк (ние сме по месото, не толку по Gucci на Fifth Avenue). Хамбургерите од Shake Shack според некои се најдобрите во Њујорк. Месото е специјална мешавина на биолошко телешко, кое е свежо мелено секој ден. Минатиот пат кога јадевме таму јас изедов два и сериозно размислував за трет. И нејќев да си одам. Ниеден хамбургер кој сум го пробала до сега не може да се спореди со вкусот од Shake Shack. Лепчето е фантастично а ставаат и некој специјален сос.
Освен бургери, јадевме и помфрит со стопен кашкавал и пиевме милкшејк од ванила. За овој оброк сонувам кога сум гладна.
Следниот сендвич е повторно со свинско. (пардон ако изгледа ко да не спонзорирал некој месар на патувањево, ама не можевме да одолееме) Ова е од ресторанот Porchetta – во кој прават сендвичи со порkета – традиционално печено свинско од централна Италија, зачинето со рузмарин, фенел, лук и други нешта. Месото беше феноменално… се топеше во уста, плус имаше и доста крцкава кожа.
Еве уште еден бургер. Овој беше сосема обичен и ништо посебно. Го јадевме во The Counter, интересно беше тоа што ти даваат список со едно чудо опции кои можете да си ги додадете на бургерот. Во Shake Shack не ти даваат список со милион опции, ама таму бургерот е незаборавен па не ти треба ни избор ни опции. Меѓутоа, овој помфрит направен од сладок компир беше супер.
И на крај ова е salted caramel hot chocolate од Starbucks. Леле мори мајко… мислам дека името само си кажува колку ова беше дивно, слатко, топло и дали веќе реков дивно ..? Мислам дека ќе пробам да го направам и ова дома, и потоа и да го ставам на блогот.
Chrysler Building
Со големо задоцнување, еве го мојот “извештај” od Њујорк ! Во Њујорк бевме во декември за нивниот Божиќ. Ова е (како и за милиони други луѓе) мојот омилен град. Њујорк е посебен. Таму има се и сешто и секакви. Иако репутацијата не му е таква, всушност сите се многу љубезни и пријателски (барем во споредба со Холандија). Се е отворено или 24 часа или до многу доцна навечер. Може се да се најде, да се види, да се проба, да се јаде ….
Еве прво слики од “пејсажот” па од некои од јадењата….
Едно од најважните места на кои сакав да одам беше Momofuku Milkbar. Тоа е еден од рестораните на професионалниот готвач David Chang (Американец од Корејско потекло), кој готви нова модерна, интересна храна со азиски влијанија. Momofuku на јапонски значи среќна праска (lucky peach), некои од Momofuku рестораните се доста скапи и доста тешки за добивање резервација, па решивме да пробаме нешто од Milkbar. Milkbar всушност не е баш ресторан, нема столици, само високи маси за јадење на нога. Се наоѓа во East Village.
За десерт јадевме мало чанче сладолед кој ни го дадоа, така за џабе, да го пробаме, со вкус на Cereal Milk и Horchatta (за ова хорчата повеќе следниот пат…) Десертите и сладоледите ги креира Christina Tosi. И навистина сладоледот Cereal Milk имаше вкус како млекото кога ќе ви остане во чинија кога јадете корнфлејкс насабајле. Многу интересно.
Следниот пат сакам да пробам некој од другите momofuku ресторани, и колачето што се вика Compost Cookie со корнфлејкс, чипс и други чудни состојки…..
>Еве го вториот дел од јадењето и шетањето во Португалија. Синтра е мало гратче околу 40 мин. со воз од Лисабон, и се наоѓа во националниот парк Синтра. Иако возејќи се во возот од Лисабон не се забележува некоја граница помеѓу големиот град и паркот, кога ќе стигнете во Синтра ќе видите дека ова е сосема различно место. Стариот дел на градот е распослан по ридови и мали тесни улички. Во Синтра има 5 палати и едно кале изградено од Мурите – дефинитивно необично за големината на гратчето, изградени во времето кога Португалија изобилувала со богатство и водела во истражувачки походи по светот.
Но освен палатите, Синтра воодушевува со погледите. Каде и да се свртите гледата зеленило, шума, сонце и по некоја раскошна палата. За мене Синтра беше едно од најубавите места кое сум го видела на светот. Ова е погледот од градината на нашата гостинска куќа. Во далечина се гледа Националната Палата на Пена – Palacio Nacional da Pena.
>Oтидовме во Португалија на одмор и видовме и јадевме прекрасни нешта. Португалија сосема не изнади, јас очекував дека ќе биде убаво ама не очекував дека ќе биде поубаво дури и од Барселона, а дефинитивно многу поубаво, порелаксирачки и попријатно од Копенхаген. Бевме во Лисабон и во Синтра – мало гратче во близина на Лисабон кое се наоѓа на планина и во националниот парк Синтра (слики од Синтра во вториот дел наскоро). Бевме и во Кaшкаиш (Cascais) – мало гратче на море.
Еве дел од што јадевме и видовме:
Seabream на скара. Рибава беше супер вкусна и свежа, со многу малку коски и со сочно бело месо.
Поглед на Лисабон од Калето – Castelo de Sao Jorge.
Една од плажите во Кашкаиш. Кашкаиш беше мало шармантно гратче со мали убави плажи и стари куќи во разни пастелни бои. Тука јадевме риба на скара, ама заборавивме да ја сликаме.
Останатите слики и јадења во следниот дел….
Kastellet замок.
Kastellet castle.
Огромен хот дог и ручек на клупа на сончев ден. Лепчето ти го даваат од стана. Многу беше вкусно. Уживанција.
A huge hot dog eaten on a bench on a sunny day. The put the bread on the side. It was delicious.
Лиснато со цимет.
Nyhavn во Копенхаген, покрај Nyhavn каналот, облачен ден.
Nyhavn area next to the Nyhavn canal on a cloudy day.
Dinner at Vapiano Pasta & Pizza Bar.
On the menu:
Antipasti – Vitello tonnato (beefcarpaccio, tunamayonaise, kappers)
Pasta:
Salsiccia con fichi (spicy Italian sausage, fresh figs, tomato sauce)
Rucola ravioli (rucola-ricotta-ravioli, butter, pine nuts)
Pizza:
Calzone (ham, spicy Italian sausage, artichokes, mushrooms, onions, olives, tomatoes, mozzarella)
Toscana (spicy Italian sausage, olives, fresh herbs, tomatoes, mozzarella)
Dolci:
Panna cotta (delicious blend of vanilla and cream topped with strawberry sauce)
Crema di fragola (fresh strawberries served with a blend of mascarpone and fresh cream)