извадете им ги дршките на печурките, можете да ги употребите во рецептот со јајцата на око, како што направив јас, или во некој друг рецепт. во тавчето истурете малку маслиново масло и секоја печурка прво измачкајте ја со маслиново масло од долната страна, т.е. страната со дупче, па наредете ја во тавчето свртена со дупчето нагоре.

смесата за полнење се прави од ситно сецкани одмрзнати стапчиња краба, мајонез, сол, бибер, оригано или копар.

во секоја печурка сипете малку каџун зачин, па по лажиче или две од смесата и одозгоре ставете парче кашкавал.

печурките се печат на 250°C околу 15 минути.

наместо краба можете да ставите димено пилешко бело месо.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Јајца на око со сланина, компири, пиперки и кромид
next post: Кајгана со коприви

Leave a Reply