оние што нé следат на фејсбук знаат дека пред некое време бевме на гости кајирена и дејан и ветивме дека ќе ви ги кажеме рецептите. e па еве ги:
scroll down for the recipes in english

Буритос

600 gr мелено месо
2 кромида
1/2 чаша врела вода
сол, бибер, вегета, црвен пипер
малку кечап и малку доматно пире

2 црвени бабури, исечени на долги ленти
10-15 чери патлиџани, исечени на половинки
пченка од конзерва (или замрзната, па одмрзната во вода што врие и исцедена)
маслинки
павлака
кашкавал, рендан или исечен тенко
десетина тортиљи

испржете го меленото месо со кромидот додека не се зарумени, додадете пола чаша врела вода и динстајте го на средно. додадете ги зачините, кечапот и доматното пире и повремено мешајте додека месото целосно не се зготви.

тортиљите намачкајте ги со павлака, ставете во средината од меленото месо, неколку ленти бабура, неколку патлиџанчиња, пченка, маслинки, па кашкавал. завиткајте ги од 3 страни, прицврстете ги со по некоја чачкалица и ставете ги во загреана рерна да се запечат 5-6 минути.

Топло-ладно

3 јајца
200 gr шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
1 шоља брашно
150 gr путер или зејтин
200 gr чоколадо за готвење

3те јајца изматете ги убаво со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па додадете го брашното.
путерот (или зејтин) растопете го заедно со чоколадото.
кога растопеното чоколадо ќе се олади, измешајте го со изматените јајца и смесата сипете ја во тавче за мафини подмачкано со маргарин.

печете ги колачите во рерна загреана на 250°C точно 7 минути, а потоа исклучете ја и оставете ги колачите внатре уште 2 минути. извадете ги од рерна, поминете со нож помеѓу колачите и тавчето, превртете ги од тавчето и послужете ги со сладолед.

if you follow us on facebook you know that some time ago we visited irena and dejan and had a nice lunch there that irena made. we promised to give you the recipes, so here they are:

Burritos

600 gr minced meat
2 onions
1/2 glass hot water
salt, black pepper, ground paprika
some ketchap and tomato puree

2 red bell peppers, in strips
10-15 cherry tomatoes, halved
1 small can corn, drained
olives
sour cream
cheese, grated or thinly sliced
around 10 flour tortillas

brown the ground meat and the onion, add half a glass hot water and continue to cook the meat on medium heat. add the spices, ketchap and tomato puree and cook until the meat is done.

spread sour cream over the tortillas, divide the meat filling among them, add bell pepper strips, cherry tomatoes, corn, olives and cheese. fold from 3 sides, secure with toothpicks and put in a preheated oven for 5-6 minutes.

Molten cakes

3 eggs
200 gr confectioner’s sugar
2 sachets vanilla sugar
1 cup flour
150 gr butter or oil
200 gr dark chocolate

whisk the eggs with the sugars. add flour.
melt the butter (or oil) with the chocolate. when the chocolate cools mix with the eggs. pour the mixture in a buttered maffin tin and bake the cakes in a preheated oven at 250°C exactly 7 minutes. then turn off the oven, but leave the cakes inside for 2 more minutes. run a knife between the cakes and the tin, turn them carefully out of the maffin tin and serve while still warm with ice cream.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Болоњезе сос ….. Bolognese sauce
next post: Лепче со спанаќ и сирење / Spinach and feta bread

Leave a Reply