лебот со пиво е многу вкусен, ама јас повеќе го сакам овој, од интегрално брашно. рецептот е ист, само интегралното брашно бара повеќе течност.
Continue Reading…во моменти како овој сега, кога се случува да нема квасец по продавниците, еве една идеја за правење леб без квасец, кој не само што е многу вкусен, туку и многу брзо се прави.
Continue Reading…Брза и мека погача, од состојки кои најверојатно секогаш ги имате. Рецепт вреден да се има во моменти кога ви се јаде солено, а немате леб, или за ненајавени гости (дали сé уште постои такво нешто?)
сигурно знаете дека јајцата од препелица се многу здрави. за сите нивни здрави состојки прочитајте повеќе на страницата на “наша фарма“, од каде што се овие мали шарени, а моќни јајца. а ние имаме идеја како да ги подготвите.
погача со пченкарно брашно со спанаќ е еден од нашите први рецепти, објавен во април 2009. заслужува да биде обновен, затоа што е толку лесен и вкусен, а особено што се погоди да имаме производи од “наша фарма“: пченкарно брашно мелено на камен, свеж спанаќ и селски јајца.
не знам дали има потреба да ги објаснувам овие ролни. меки, мирисни, како да поминувате покрај пекара, и полни со чоколадо. направете ги за појадок или вечера, секако добро ќе ви дојдат.
имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.
со денови ја мислев оваа пица, со јајце. ме потсеќа на пицата “скопје” од онаа пицерија каде што имаше многу убави панцероти, во гтц. тестото е оноа брзо тесто, што се прави за десетина минути, а спанаќот едноставно зготвен, со брз бешамел сос и лукче.
кога последен пат зборевме за пица, ви реков дека имам рецепт за одлично брзо тесто. ваква пица најчесто правам во денови кога ќе дојдам од работа, а немам ништо смислено за ручек, ниту имам време. тестово се прави за неколку минути, нема месење, стои додека ги подготвувате другите состојки, лесно се развлекува и веднаш можете да ја печете пицата.
машината за леб ја купивме пред точно една година. прво се противев, мислев ќе зафаќа место, а нема да ја користиме. мислев дека можат да се прават само два – три различни рецепти за леб и тоа ми изгледаше досадно. слушав дека мора строго да се придржуваш до рецептите кои доаѓаат со неа, ама прилично брзо почнав да не се придржувам до нив. менувам разни брашна, додавам разни семиња и зрна. сол помалку, шеќер воопшто не ставам, а ни млеко во прав. некогаш додавам некој зачин, лут буковец или суво нане, оригано. наместо вода, ставам кефир, или течноста што останува кога ќе се процеди кефирот. или сварена пченица, пире од цвекло…
обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.
цезар салата во облик на сендвич, одличен лесен ручек.