мека плетенка, која, се разбира, не мора да се прави само за велигден.
како предјадење, за ужинка, за грицкање, кога ќе ви дојдат гости или само онака, без посебна причина, стапчињава се супер. измешајте во тестото афион, или посипете ги со сусам, ким или сол, или со солен прелив што се тегне како гума, каков што ставаат во пекарите на переци. одлични се без ништо, ама и со нешто како хумус, сос од грав или песто од магдонос.
се залетав и купив голем врзоп праз, со повеќе од дваесет праза. добро што дома сакаме да го јадеме, а и многу е здрав, па веќе јадевме салати со свеж, ситно исецкан праз и маслинки, испржен со ориз, со шпагети и маскарпоне и во некоја форма на пита/галета/тарт. денешниот рецепт е една од тие варијанти, направена со тесто за пица.
лепче створено за љубетелите на пченкарните погачи, со изразен вкус од пченкарното брашно и палентата и зачинето со свежи ливчиња жалфија. парченцата колбас внатре се само уште еден плус на вкусот.
овие меки и мирисни ролни и шоља кафе или чај се најдобриот начин да се започне денот.
има денови кога е тешко сите тројца дома да се погодиме во исто време за ручек или вечера. затоа, во таквите денови, ми се допаѓаат овие ќофтиња со домашни земички, секој може да си направи сендвич кога му се јаде, и да си стави додатоци по желба.
идејата за ова јадење дојде по забелешката на мартин дека постојано готвам некои експерименти. ова е лесно јадење со едноставни состојки, кое брзо се готви и многу е вкусно. го јадевме со наан лепчиња направени со банана, затоа што имавме презреани банани кои чекаа да бидат употребени. вкусот на банана не се чувствува, ама наанот е мек и вкусен.
меки благи кифлички со необичен фил од кокос. во оригиналниот рецепт се користи свеж кокос. јас употребив кокосово брашно, ама сигурна сум дека со свеж би биле многу повкусни. мартин би сакал да беа со чоколадо, па следниот пат ќе пробам да ги направам со чоколадо, џем или можеби пире од тиква и цимет.
сé уште не знам како се викаат на македонски. кога ги направив со лаванда ги нареков колачи, беа поблаги. сега ќе ги наречам лепчиња. иако имаат парченца чоколадо, не се многу благи и супер се за доручек.
има ли нешто подобро од дома месени переци? јас мислам дека има: дома месени переци полнети со банана и чоколадо. а и син ми мартин се согласува.
времево можеби е претопло за готвење и јадење вака луто и зачинето јадење, ама кога ќе ми се пријаде нешто индиско, тешко дека било што ќе ме расколеба, па ни топлото време.