Blend the garlic, half the juice from the orange and limes, oregano, cumin and salt and pepper. Mix in the rest of the juice, reserve about 3-4 tablespoons of the sauce and let the pork marinate in the remaning mixture for few hours (mine marinated for about 6 hours in the fridge).
Let the excess marinade drip off the chops and grill them on a grill or in a pan for about 4 minutes a side. I used a grill pan on the stove. Drizzle some of the reserved sauce over the cooked pork chops and enjoy !! They were finger-licking good !
Наидов на нтерсна идеја на блогот за храна
Foodalogue. Foodalogue организира патување до разни локации во светот не со авион, туку со готвење храна од тие места. Оваа недела дестинацијата е Куба и јас решив да направам кременадли маринирани во мохо сос. Рецептот е од
еден од моите омилени блогови . Сосот е одличен не само за кременадли, туку риба, пилешко па дури и зеленчук. Кременадлите ги јадевме со пире од слатки компири и варен броколи.
за маринадата:
5 лукчиња
сок од 1 портокал
сок од 3 лимони (или зелени лимони)
2 лажичиња оригано
пола лажиче ким
сол и бибер
4 кременадли
Во блендер измешајте ги пола од сокот од лимоните и лукчето, ориганото, кимот, сота и биберот. Или со сол истолчете го лукчето, и полека додајте ги останатите состојки. Мариндата е доста течна. Задржете околу 3-4 лажици од сосот на страна, а кременадлите ставете ги да се маринираат од остатокот од сосот, неколку саати (може 2 часа ама одолго би било подобро). Јас ги маринирав 6 часа во фрижидер.
Истресете го вишокот сос од кременадлите и ако печете ги или на скара, или во тавче на шпорет. Ставете ги во чинија и врз нив ставете го сосот кој претходно го задржавте. Кременадливе се прсти да излижеш!