во тефтерот со рецепти на баба ми ова колаче е запишано под лондонски штангли, ама не сум сигурна дека тоа е неговото вистинско име. мислам дека се вика дамен каприц. во секој случај е вкусно, многу лесно се прави и се надевам ќе ви врати сеќавања на некоја ваша баба или тетка.
ние јадеме многу палачинки. кога ги правам, правам планина од палачинки и ги јадеме и со солени и со благи работи: рендано сирење, кашкавал, павлака, крем сир, џемови, мед, еурокрем, по некоја празна, па пак со солено. и никогаш не остануваат доволно за торта. затоа овој пат направив многу повеќе и дваесетина тргнав на страна. а тортата е едноставна, филувана со домашен џем од јагоди и шлаг, за да се ослободат теглите за нови есенски џемови.
сé повеќе ми се допаѓаат овие колачи/лепчиња наречени скоунс. многу лесно се прилагодуваат со разни додатоци, па секогаш можете да добиете нешто различно.
одамна имам мерак да ги направам овие колачи. ги имав пробано само еднаш како мала, негде на гости и бев воодушевена од вештината на домаќинката да направи колачи кои изгледаат исто како праски. неодамна почнав да налетувам на рецепти за праски и еве, конечно, ги направив.
направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).