All posts in “pasta”

Pasta salad | Sitno seckano

Салата од макарони / Pasta salad

многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.

Continue Reading…

Roasted eggplant pasta | Sitno seckano

Шпагети со печени модри патлиџани / Roasted eggplant pasta

ова не е вистинска паста ала норма, дека модриот патлиџан е печен, ама мене вака повеќе ми се допаѓа. повкусен ми е печен, полесно се прави, не мора да се меша да не се залепи во тавчето како кога се пржи. потребно е многу помалку масло за печење, и обично правам поголема количина, па дел употребувам во други рецепти, како овие салати со наут или со кус-кус, во тесто заедно со други зеленчуци или во супа. а и секој си става онолку коцки модар на своите шпагети колку што сака, бидејќи не се сите кај нас дома воодушевени од модри патлиџани.

Continue Reading…

Шпагети со печени патлиџани / Pasta with roasted tomatoes

во последно време на пазар сé почесто можат да се најдат вакви долгнавести патлиџани. вкусни се, иако не се многу сочни, ама баш затоа се погодни за печење. ние ги јадевме за ручек со шпагети со маслинки, капари, лута пиперка и босилок и беше убава промена од вообичаените шпагети со кечап, а следниот ден со печени модри патлиџани.

Continue Reading…

Болоњезе сос ….. Bolognese sauce

Добра чинија тестенини е одличен лек за разни работи… умор, стрес на работа, студено време…. Јас јадам тестенини барем еднаш неделно, и болоњезе сосот посебно ми се допаѓа што станува повкусен откога ќе поседи во фрижидер ден-два, па можам да го направам на викенд, а да уживам во тестенините во понеделник, вторник…

Continue Reading…

Ricotta Gnocchi… Њоки од рикота…

Кога се подготвував да си направам рикота дома, на ум ми беше само еден рецепт за да ја искористам: Њоки од рикота. Иако никогаш не сум јадела вакви њоки во ресторан, сакав да ги пробам и ги замислував лесни, меки, со прекрасен вкус. И рецептов излезе одлично. Дури и самата себе си се изненадив колку беше вкусно јадењево.

Continue Reading…

Тестенини со праз и маскарпоне / Pasta with sweet leeks and mascarpone

рецепт од the naked chef на џејми оливер.
за двајца:
топче путер
1 лажица маслиново масло
2 праза, исечени на тркалца
2-3 лукчиња, смачкани или ситно исецкани
сол, бибер
200 gr маскарпоне или кремсир (и со двете е многу вкусно)
рендан пармезан
макарони или јуфки или било која форма на тестенини
путерот и маслиновото масло загрејте ги на средно, додадете ги празот, лукчето и сол, промешајте и поклопете го тавчето. оставете го празот да се пржи 5-10 минути со повремено мешање, да омекне. додајте го маскарпонето или кремсирот, промешајте малку да се стопи и да се измеша со празот, ставете уште сол ако треба, и бибер и толку.
тестенините сварете ги според упатството и јадете ги со сосот од праз и посипани со пармезан.

 

а ако ви остане, како што ни остана нас, следниот ден потпечете ги. само сипете ги тестенините и сосот во тавче, прелијте ги со едно изматено јајце со малку млеко, врз сето тоа ставете рендан кашкавал и печете ги додека кашкавалот не се стопи и јајцето не се испече.
recipe adapted from jamie oliver’s The naked chef .
for two:
a knob of butter
1 tbs olive oil
2 leeks, sliced
2-3 cloves of garlic, pressed or finely chopped
salt, pepper
200 gr mascarpone or creamcheese (it’s delicious with both cheeses)
grated parmesan cheese
any kind of pasta
heat the butter and olive oil to semi-hot, add the leeks and garlic and salt and leave with a lid on for about 5-10 minutes, until the leeks are soft. add the mascarpone or creamcheese and let it melt into the leeks. add salt, if needed, and pepper and that’s it.
cook the pasta according to package instructions, toss in the sauce and serve sprinkled with parmesan cheese.
if you have any leftovers, like we did, put the pasta and the sauce in a pan, pour 1 egg beaten with some milk, sprinkle generously with grated cheese and bake until the cheese is melted and the egg cooked.