одлична пита. за комбинацијата од домати и песто не морам ни да спомнувам колку е добра, како створени се еден за друг. пестото го направив со спанаќ наместо босилок и бадеми наместо пињоли. и многу лукче. тестото е феноменално. многу ми беше вкусно, таман толку меко и толку крцкаво колку што сакам. ќе пробам да го искористам и за други пити, со друг солен или благ фил.
маја има еден турски готвач кој е останат кај мене, и во него има еден куп интересни вистински турски рецепти. за жал, јас во последно време многу повеќе готвам по рецепти од разни блогови на интернет, а сé поретко ги отварам готвачите кои ги имам дома. е, за оваа чорба на која наидов овде, го отворив турскиот готвач за споредба и ги искомбинирав двата рецепта.
пред некое време на гости ни беше екипата од списанието “теа модерна” и еве што зготвивме за нив. рецептите минатата недела можевте да ги прочитате во списанието, а еве ги сега и тука.
a few weeks ago we had guests from the magazine “tea moderna” and here is what we cooked for them.
ова е најомилената салата на сите од скопскиот дел на ситно сецкано.
едвај дочекав да се појават јагоди на пазар. планирав неделава секој ден да правам по нешто со јагоди, ама времево реши да нé врати накај есен, па една ваква супа е посоодветна.
Кога живеевме во стан со многу слаба рерна, најмногу сакавме добра рерна за да печеме домашна пица. И сега во новиот стан, конечно можеме да печеме пица и домашна пица правиме барем еднаш неделно. Со цел да јадеме поздраво, експериментирав со интегрално брашно и дојдов до овој рецепт за пица тесто кој е ем здрав, ем вкусен. Ако прв пат правите пица со интегрално брашно, направете го рецептов со пола обично, пола интегрално, за да видите дали вкусот ќе ви се допадне.
весела пролетна салата. печеното цвекло е многу, многу вкусно, а ако не сте пробале анасон до сега, не се мислете многу. има интересен, свеж вкус, малку како сладок кромид, малку како… анасон.
вкусот на лимон добро доаѓа како додаток во многу јадења. ако ги пробавте солените марокански лимони, знаете на што мислам. ова чатни е слично, може да се додаде во разни јадења, само има поразличен, интересен вкус затоа што лимоните се печени. ние го јадевме ставено врз ориз, во сендвичи, во салата од печено цвекло… врз парче домашно лепче со пиво намачкано со путер… намачкано на пилешки стекови кои потоа ги испржив во грил-тава. помешaно со компири и моркови за печење. додадено во спанаќ, запечен со јајца на око…
во моето семејство не може да помине велигден без оваа салата. овие количини се отприлика доволни за двајца, а вие прилагодете ги според вашиот вкус.
ова е една од моите омилени манџи. долго се готви, ама нема многу работа во подготвувањето.
многу сакам салата од грав. онаква обична, сварен грав, исецкан кромид, сол, бибер, оцет, масло. ама зошто на тоа да не се додаде уште нешто? некогаш свежа рукола, а некогаш спанаќ, некогаш лукче наместо кромидот. салатава е толку вкусна, што долго ќе ви остане во сеќавање.