ако до сега не решивте каква торта да направите за нова година, еве една чоколадна пита која во комбинација со калинките добива свеж вкус и свечен изглед.

pomegranate tart-19

scroll down for the recipe in english

рецептот е од овде, ама јас малку го поедноставив за да направам лесна пита, а сепак многу вкусна. излегува една пита од околу 22 cm.

pomegranate tart-4

за тестото (од овие количини излегуваат две теста, едното можете да го замрзнете):

2 ½ шољи брашно

1 лажица шеќер

225 gr путер, ладен, исечен на коцки

1 шоља вода во која има неколку коцки мраз

измешајте го брашното со шеќерот, додадете ги коцките путер и мешајте со прсти, со вилушка или со блендер за тесто, додека не се добијат зрнца. додавајте ладна вода по 1 лажица (не мора да ја употребите целата, обично пола шоља или нешто повеќе е доволно), додека не се спои сé во тесто. поделете го тестото на два еднакви дела, завиткајте ги во проѕирна фолија и ставете ги во фрижидер на половина час, или на неколку дена (тестото може да се направи неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба).

обложете ги дното и страните од тавчето со тестото и избоцкајте го дното со вилушка. тестото треба да се испече празно, затоа прекријте го со алуминиумска фолија или хартија за печење, ставете нешто што ќе му тежи и нема да му дозволи да се изобличи при печењето, грав или џамлии (јас искористив друго помало тавче) и ставете го тестото да се пече во загреана рерна на 220°C, околу 15 – 18 минути или додека не почне да се заруменува. потоа оставете го малку да се олади додека го правите филот.

pomegranate tart-6

за филот:

300 gr темно чоколадо
300 ml слатка павлака
2 лажици путер
2 лажици сируп од калинка

искршете го чоколадото во сад отпорен на топло. во мало тенџере загрејте ја слатката павлака со путерот и мешајте додека не почне слабо да врие. истурете ја слатката павлака врз чоколадото, мешајте додека целото чоколадо не се стопи и не е рамномерно измешано, па додадете го сирупот од калинки.

истурете го филот во тестото, по 10 – 15 минути украсете ја питата со зрнца калинка, па оставете ја да отстои 1 – 2 часа, додека филот не се стегне.

pomegranate tart-24

if you haven’t decided yet what kind of cake you are going to make for new year’s eve, here is a chocolate tart freshen with pomegranates.

the recipe is from here, but i made a few changes to make it easier, but still tasty. you’ll have one 9” tart.

pomegranate tart-7

crust (these quantities are for 2 crust, you can freeze one):

2 ½ cups flour

1 tablespoon sugar

2 sticks (225 gr) unsalted butter, very cold, cubed

1 cup water with a couple of ice cubes

mix flour and sugar in a bowl. cut in butter, blend until crumbs form. sprinkle on water, one tablespoon at a time (you may not need all the water), until you can form the dough into a ball. cut the ball into two equal pieces, wrap in plastic. refrigerate for 30 minutes. the dough can be made a few days ahead and kept in the fridge.

line the bottom and sides of the pan with the crust and prick the bottom several times with a fork. line the crust with parchment paper or foil and weigh down with pie weights (i used smaller pie pan). bake at 220°C (425°F), for 15 – 18 minutes, until the pastry looks golden. let cool until you make the filling.

pomegranate tart-21

filling:

300 gr dark chocolate

300 ml heavy cream

2 tablespoons butter

2 tablespoons pomegranate syrup

place chocolate in a heat-proof bowl. in a saucepan, combine heavy cream and butter.  heat on medium high, stirring and scraping the bottom constantly until it reaches a gentle simmer. pour the hot cream onto the prepared chocolate. whisk until the chocolate is completely melted and evenly distributed. stir in the pomegranate syrup.

pour into the prepared tart crust. after 10 – 15 minutes, decorate the pie with pomegranate seeds and let set until completely cool, about 1-2 hours.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Кисела зелка / Sauerkraut
next post: Happy New Year

3 Comments

  1. Ann

    I think it is Beautiful !

Trackbacks for this post

  1. Блог избор [Декември, 2012] | Кригла Пиво
  2. Чоколаден тарт со таан / Chocolate tahini tart | sitnoseckano

Leave a Reply