многу сакам веге-бургери и ме радува дека и сите други дома ги прифаќаат. дали се од цвекло, грав, наут или модар патлиџан, никој не одбил добро веге-ќофте. овие направени со оноа што останува од цвекло и моркови кога правиме сок во соковник ми се омилени.
Continue Reading…слатките компири ги планирав за бургери. често правам веге-бургери од некој зеленчук, а со сладок компир се многу вкусни. ама бојата на овие слатки компири, додека ги пасирав, ме предомисли и веднаш ги пренаменив за пита.
многу меки и сочни мафини. со убаво изразен вкус на сладок компир, нешто што мене многу ми се допаѓа, ама и не толку големите љубители на слатки компири кај мене дома ги одобрија.
мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
брзо и лесно колаче, нема ни масло ни млеко во него, а сепак е сочно и меко од слаткиот компир.
Ако имате ваков неглазиран глинен сад за печење, не чекајте како мене со години, да го употребите. кокошката испечена во него е толку сочна и мека, а зеленчуците убаво испечени. ние го јадевме ова со песто од ливчиња од морков со павлака.
не знам за што попрво да ви кажам од ова јадење. дали за сочното свинско испечено во глинен сад romertopf, за печениот сладок компир, праз и други зеленчуци или за сосот од кикирики, кој совршено оди со нив. треба повеќе време да се зготви сето тоа, ама освен сецкањето на зеленчукот, нема многу работа.
ако имате соковник, сигурно знаете колку е убаво да се пијат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук. ние поретко цедиме зеленчук, најчесто пиеме сокови од грејпфрут, јаболки, портокали, мандарини, ананас, лимон, крушки, праски, јагоди… од зеленчуците во скоро секоја тура ставаме моркови и цвекло, понекогаш парче свеж ѓумбир, ама во последно време почнавме да додаваме и сладок компир. сокот со сладок компир е многу вкусен и несомнено многу здрав. пробајте. измешајте го со други зеленчуци и овошја и кажете ни која е вашата омилена комбинација.