во овие колачи има четири различни типови ѓумбир: изрендан свеж, мелен сув, ушеќерен и сируп од ѓумбир, ама сепак тој не е пренагласен. колачиве се ем доволно ѓумбирести, ем слатки.
според мене, најдобар сладолед е овој со кој пораснав, ванила или чоколадо, совршена основа за додавање вкусови. ама сакав да пробам некој без млеко и јајца и еве, начекав еден топол викенд (минатиот) и го направив овој сладолед од индиски ореви, кокосово млеко, црн чај и зачини. ако сте пиеле црн чај со млеко и зачини, знаете што можете да очекувате. сладоледов има баш таков вкус.
времево можеби е претопло за готвење и јадење вака луто и зачинето јадење, ама кога ќе ми се пријаде нешто индиско, тешко дека било што ќе ме расколеба, па ни топлото време.
минатиот викенд имавме на гости една другарка од битола, елена, која остана неколку дена. во саботата елена ни направи многу убав ручек: интегрален ориз со многу зеленчуци, сирење халуми “на скара” и за десерт – интегрален ориз со урми. сé беше многу вкусно, особено додатокот од рендана кора од лимон, кој го направи оризот многу свеж.
мислам дека нема многу што да се објаснува тука, меки ровки мафини полнети со цреши и посипани со шеќер и ореви. син ми мартин изјави дека овие се неговите втори омилени мафини (први се брауни мафините).
за гранола веќе имаме зборувано, ама мислам дека не е на одмет да се спомне пак. во последно време често ја правам, во разни варијанти и комбинации, па еве една од нив, многу вкусна ако ја потопите во кефир или јогурт. можете да ѝ додадете сецкано јаболко, банана, крушка, или малку џем или некое слатко.
Еве едно прекрасно едноставно колаче. Рецептов е од австралискиот готвач Бил Гранџер. Јас имам една од неговите книги и ми се допаѓаат неговите убави и едноставни рецепти. Лесно се прави (дали некогаш вoопшто правам тешки рецепти?) плус дома ќе ви мириса на ванила, цимет и кокос цел ден. Највкусно е топло, ама и следните неколку дена е убаво, ако воопшто потрае толку долго. Се надевам ќе ви се допадне!
2 големи јаболка, 2 тури на печење во најголемиот плех од рерната, по саат-саат и пол на 100°C, и добивате вкусен крцкав чипс од јаболка.
Scroll down for the recipe in English
Хмм, пред неколку дена го видовте рецептот за гарам масала, ја направивте и сега ви седи во тегла и не знаете што да правите со неа?? Нема проблем. Еве го едно од моите омилени домашни индиски јадења. Рецептот за ова Гоанско кари со риба доаѓа повторно од мојот индиски готвач од Анџум Ананд “Anjum’s New Indian”. Јадењево е прекрасно и е совршено и за ручек во работен ден (ако ја следите мојата идеја подолу) или за импресионирање гости.
Првиот дел од рецептов ќе ви одземе околу половина час – ама верувајте ми – сосема вреди. Толку време ќе ви треба да ја направите кари пастата, на која потоа ќе и додадете кокосово млеко, вода и риба за да го завршите јадењето. Бидејќи јас, а сигурно и вие, немам време секој пат одново да стојам пола саат пред шпорет, еве што правам: го дуплирам или триплирам рецептот, кари пастата ја ладам и потоа ја делам на 2 или 3 еднакви дела, во зависност дали сум го дуплирала или триплирала рецептот. Од едниот дел го готвам карито за тој оброк, а другите делови ги замрзнувам во пластични кутии. Следниот пат кога планирам да имаме кари, вадам еден дел кари паста, ја ставам во тенџере уште замрзната, или ако добро сум планирала, одмрзната, и веднаш продолжувам со рецептот со додавање вода и кокосово млеко. Ако ја следите мојата идеја ќе имате кари со риба во рок од 15 минути.
И на крај уште нешто, јас користам замрзнати филети од панга риба и замрзнати ги ставам во каритo. За неколку минути тие се одмрзнуваат и готват. Рецептов можете да го направите со било која замрзната риба: тилапиа, панга, скуша, лосос. (Ако не јадете риба – пробајте со пилешко).
Вака изгледа кари смесата дури се пржи.
За една доза (за 4 порции) – (дуплирајте или триплирајте за замрзнување):
2 лажици зејтин
1 кромид, средна големина, ситно исецкан
малку цимет
7 лукчиња
парче свеж ѓумбир, околу 3 см големина (или заменете со 1 лажиче ѓумбир во прав)
1 – 2 љути пиперки
3 големи домати
1 конзерва кокосово млеко
пола килo – 750 r. риба (јас користам замрзнати филети)
сол
2 tablespoons vegetable oil
scroll down for the recipe in English
Мммм, американски рецепти за десерти … мислам дека знаете дека ми се омилени. А знам дека сте чуле, јаделе и печеле брауниес (brownies). Меки, чоколадни, дивни … Ама пред неколку месеци го открив рецептов за блондиес (blondies) од сајтот на smitten kitchen. Слични на брауниес, но без какао или чоколадо (освен како додаток). А бидејќи и јас и Бојана сме плавуши, решив да ги испечам и да споделам со вас рецептот. (за жал преводот на колачиве на македонски не звучи баш примамливо, па го напишав како што се изговара на англиски).
Овие блондиес се прекрасни. Меки во средината, а малку крцкави на рабовите, тестото се меша во една посуда, брзо се пече и обавезно воодушевува и гости и домашни. Освен тоа, можете да додадете било каков вкус. Јас ставив лешници и парченца чоколадо и цимет, а други варијанти се ореви, бадеми, суви вишни (ова мора да го пробам), виски, рум, инстант кафе итн.