2 шлага
4 јајца
6 лажици шеќер
250- 300 ml ладно млеко

двата шлага се матат со млекото во една вангла. во друга се матат четирите белки, им се додаваат шесте лажици шеќер и четирите жолчки, а потоа и шлагот. на ова можете да му додадете ванилин шеќер, какао, чоколадо, мармалад, овошје или некој друг вкус.
јас ставив 2 кесички ванилин шеќер и така замрзнав половина од количината, а во другата половина додадов 2 лажици несквик.
сладоледот се става во кутија и во замрзнувач и може да се јаде по неколку саати, кога ќе се замрзне.

2 cups cream
4 eggs
6 tablespoons sugar

beat the cream in one bowl, in another beat the egg whites, add sugar, egg yolks and the cream. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.
you can add vanilla, cocoa, chocolate, jam, fruits or other flavour to this basic ice cream.
i put 2 sachets vanilla sugar in the icecream and froze half the batch like that, and i added 2 tablespoons nesquick in the other half.
Print Friendly, PDF & Email
previous post: Ребра во црвено вино и цвекло печено во фолија
next post: Пилешки ражњичи

5 Comments

  1. Elena

    Здраво, дали жолчките од јајцата се варат или се ставаат така живи? 🙂 поздрав Елена

  2. да, и жолчките и белките остануваат живи. според мене ваквиот сладолед е покремаст и помазен од оној во кој жолчките се готват на слаб оган, ама имаме и неколку такви рецепти:
    – сладолед со кафе: https://www.sitnoseckano.com/coffee-ice-cream/
    – со нане и чоколадо: https://www.sitnoseckano.com/mint-ice-cream/
    – со портокал: https://www.sitnoseckano.com/orange-ice-cream/
    a овој чоколаден воопшто нема јајца: https://www.sitnoseckano.com/chocolate-ice-cream/

Trackbacks for this post

  1. Сладолед од јаболкa / Apple ice cream | sitnoseckano
  2. Вегански сладолед / Vegan ice cream | Sitno Seckano
  3. Сладолед од свеж ѓумбир / Ginger ice cream | Sitno Seckano

Leave a Reply