Еве уште еден рецепт со пиво. Ќе се изненадите колку е вкусно гравчево. Рецептот е по потекло мексикански, ама јас го направив со холандско темно пиво Амстел, исто како во рецептот за пилешки такос маринирани со пиво. Рецептот, т.е. инспирацијата ја најдов тука. Освен пивото, јас употребив и холандски грав. Тоа значи дека не мора да го следите рецептот збор до збор, употребете каков грав имате и какво пиво можете да најдете.
~ 500 гр. грав (оставен да стои во ладна вода околу 12 саата, а може и повеќе, мојот стоеше околу 20 саата)
1 кромид
3-4 лажици зејтин
100 гр. чадена сланина, ситно исецкана
1 конзерва домати или 5-6 свежи домати, исецкани
1 шише пиво (по можност темно)
сол, бибер, оригано, чили зачин
Ставете го зејтинот во поголемо тенџере и испржете ја сланината околу 2-3 минути, додајте го исецканиот кромид и пржете го уште 2 минути, додајте го исцедениот грав и веднаш додајте го пивото, доматите и доволно вода за течноста да биде околу 2 прста над гравот. Варете го гравот на тивко околу саат време (или два саата, во зависност од гравот и колку му треба да се свари). Јас забележав дека колку подолго го оставам гравот да седи во ладна вода, толку пократко се вари. Кога гравот ќе биде сварен, додајте сол, бибер, малку оригано и чили зачин. Со лажица изгмечете неколку зрна за да се згусне течноста. Ако гравот изгледа сув додека се вари додајте повеќе топла вода во тенџерето. Гравчево може да го јадете со разни додатоци: магдонос, свеж кориандер, павлака, малку сок од лимон, авокадо или малку рендан кашкавал. Уживајте !
Here is another recipe with beer. I found the inspiration and recipe here. Even those borracho beans are a mexican recipe, I used dark Amstel beer, the same as in the beer marinated chicken tacos and dutch brown beans. It’s easily adaptable to whatever beer or beans you can find. Make this recipe, you will be suprised how delicious they are.
~ 500 gr or a pound of dry beans (soaked in cold water for at least 12 hours, I soaked mine for abour 20 hours)
1 onion
3-4 tablespoons vegetable oil
100 gr. or 4 oz. smoked bacon, finely chopped
1 bottle of dark beer
1 can of tomatoes, or 5-6 fresh tomatoes, chopped
salt, pepper, oregano, chilli or cayenne pepper
Fry the bacon in the oil in a big pot for about 2-3 minutes, add the chopped onion and fry for another 2 minutes. Add the rinsed beans, the bottle of beer, the tomatoes and enough water to cover the beans by about an inch or inch and a half. Cook the bean gently for about an hour (or more if needed) until cooked, add the salt, pepper, oregano and cayenne and mash some of the beans with the back of a spoon. If your beans look dry while cooking, add more water. Serve the beans with parsley, cilantro, lime wedges, sour cream, avocado or some shredded cheese. They are delicious !
next post: Чоколадни мафини 2 / Chocolate muffins 2