All posts in “со овошје / fruits”

Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

Чоколадирани урми / Chocolate covered dates

Одамна ме нема на блогов и сум заборавила како се пишува рецепт, ама не сакав да пропуштам да објавам нешто во рубриката “домашно зготвени подароци”.

Continue Reading…
Orange walnut slices | Sitno seckano

Колач со портокал и ореви / Orange walnut slices

беше роденден на блогот пред една недела и, иако слабо се вртам тука во последно време, го направив колачево за да го одбележиме. ова е едно од оние колачи кои мајка ми често ги правеше порано, а и сега сé уште, за посебни прилики. лесно се прави, а е многу вкусно и убаво изгледа, па сакам да го имам запишано тука.

Continue Reading…
Strawberry Mascarpone Tart | Sitno Seckano

Тарт со маскарпоне и јагоди / Strawberry mascarpone tart

маскарпоне и јагоди се така добри заедно, и навистина ми е жал што додека јас го напишам рецептов, јагоди скоро и да нема веќе на пазар. сепак можете да го пробате тартов, маскарпоне иде добро и со сливи, а и со смокви и малини.

Continue Reading…
Moist chocolate banana muffins | Sitno seckano

Чоколадни мафини со банана / Chocolate banana muffins

во една недела два пати ги направив овие мафини, не само затоа што имавме многу ептен зрели банани. првата тура отиде за два дена, а излегуваат 16. мафиниве се најмеки што можат да бидат, сочни, чоколадни, и со нив се трошат оние презреани банани кои не се баш веќе вкусни за јадење.

Continue Reading…

Whole wheat chocolate chunk banana cake | Sitno seckano

Интегрално колаче со банани / Whole wheat banana cake

знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.

Continue Reading…

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

Чоколаден куглоф со капини / Blackberry chocolate bundt cake

ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.

Continue Reading…

Oatmeal three ways | Sitno seckano

Овесни снегулки / Oat flakes

толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.

Continue Reading…

Dark chocolate chip, hazelnut cranberry cookies | Sitno seckano

Колачи со чоколатца / Chocolate chip cookies

секоја година пред да започне следната ви даваме идеи за зготвени новогодишни подароци. сега имаме рецепт за класични колачи со чоколатца, а покрај нив, ќе подготвиме теглички со мешавина за топло чоколадо и брза туршија за нашите блиски.

Continue Reading…

Lemon kefir streusel cake | SItno seckano

Колач со лимон / Lemon cake

не знам зошто имам некое убедување дека не сакам слатки со лимон. овие тартчиња со сок од цитрусни овошја ми се баш вкусни, а и колачов. неколку пати го направив и многу ми се допаѓа колку е мек, сочен и лимонест.

Continue Reading…

Rye plum galette | Sitno seckano

‘Ржана галета со сливи / Rye plum galette

знам дека веќе нема сливи. јас оваа галета ја направив на крај на август. и до сега никако да го напишам рецептот. сепак, има смокви, круши, јаболка, тикви, дуњи… да, смокви. мислам со нив галетава би била совршена.

Continue Reading…

Chocolate mug cake & peach crumble | Sitno seckano

Благо во шоља / Mug cakes

не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.

Continue Reading…

Сладолед со слатко од смокви и ореви / Green fig walnut ice cream

многу од сеќавањата ми се поврзани со некое јадење. како еден ванила сладолед послужен со исецкана крушка и слатко од смокви. пред многу години вујна ми ми носеше и втор и трет пат чиниче од овој сладолед. вкусот сé уште го памтам, а и тоа дека ме испрати со врзоп диво лукче што го собрала на некоја планина и инструкции како да направам супа со него.

Continue Reading…